Од најсреќен пар, до гласини за неверство, алкохолизам и срам: Љубовната приказна на Џастин Тимберлејк и Џесика Бил
Инцидентот со колешката на Џастин ја разниша стабилноста на нивниот брак
Една година пред да го добијат вториот син, Џастин беше фотографиран како се држи за рака со неговата колешка Алиша Венрајт. На фотките, направени во Њу Орлеанс, Џастин и Алиша седат еден до друг и покрај тоа што се држат за рака, во еден миг таа го држи и за коленото.
Пејачот се соочи со многу критики, поради што јавно се извини со објава на Инстаграм која сега е избришана:
„Се држам што е можно понастрана од озборувања. Но, за моето семејство сметам дека е важно да се огласам за неодамнешните гласини што ги повредуваат луѓето што ги сакам.
Испив многу таа вечер и жалам за моето однесување. Ова не е пример што сакам да го поставам за мојот син“.
Во објавата тој ѝ се извинува на неговата „прекрасна сопруга“ и жали што ја ставил во таква срамна ситуација.
Џесика наводно му поставила ултиматум
По инцидентот со Алиша Венрајт, некои извори тврдеа дека Џесика размислувала да го остави бидејќи била повредена.
Но, се обидела да го спаси бракот за нивниот син, па му поставила ултиматум на Џастин. Односно, ако повторно се случи нешто слично, ако ја потврди или ја посрамоти, ќе го остави.
Парот ги нема потврдено овие шпекулации.
Фановите ја молеа Џесика да го остави Џастин
Покрај инцидентот со Алиша, и мемоарите на Бритни Спирс направија драма. Во книгата, Бритни го обвинува Џастин дека ја натерал да абортира, ја изневерувал и дека генерално се однесувал лошо кон неа.
Па, на социјалните мрежи, фановите на Џесика честопати ѝ оставаа коментари да го остави Џастин. Коментари имаше и на објавите на Џастин, главно со осуда и критики кон него.
Гласини дека сепак не се поддржуваат еден со друг
Иако низ годините и двајцата многупати имаат изјавувано дека постојано се поддржуваат, особено во кариерите, неколку разни извори тврдат дека ова не е точно, барем во последно време.
Наводно, Џесика се чувствувала засенето од популарноста на Џастин и ѝ се смачило да биде само „сопруга која го поддржува сопругот“.
Од друга страна, Џастин не ја поддржувал секогаш кога работела на филм или серија и ова создало раздор во нивниот брак.
Но, ни овие гласини не се потврдени од нив.
И алкохолизмот на Џастин им создавал проблеми
Во 2024 година, Џастин беше уапсен бидејќи возел под дејство на алкохол. И, ова не беше првпат пејачот да има проблеми поради прекумерното пиење. Џесика била разочарана од овој инцидент, најмногу бидејќи пејачот привлекол внимание во период кога имале проблеми во бракот.
Сепак, некои извори велат дека апсењето како да му ги отворило очите, па со Џесика почнале да одат и на терапија за д ги надминат проблемите. Истовремено, се трудел да се контролира кога е во прашање алкохол.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





