Од најсреќен пар, до гласини за неверство, алкохолизам и срам: Љубовната приказна на Џастин Тимберлејк и Џесика Бил
- Детали
- сабота, 31 мај 2025
Среде гласините дека ја изневерува и проблемите со алкохолизмот, Џастин Тимберлејк добил ултиматум од сопругата Џесика Бил – ако не се подобри, ќе го остави.
Џастин Тимберлејк и Џесика Бил се заедно со години и имаат поминато многу премрежја.
На почетокот важеа за омилен славен пар, но во последно време, најмногу поради инцидентите на Џастин, некои дури и ја молат Џесика да го остави.
Што знаеме за нивната љубов?
Заедно се речиси две децении
Јавноста дозна за врската на Џастин и Џесика во 2007 година, кратко откако пејачот раскина со Камерон Диаз.
„Џесика е совршената девојка за него. Прво беа пријатели, но сега се во сериозна врска“, изјави тогаш извор близок до пејачот.
По околу две години се појавија гласини дека се разделиле, но Џастин и Џесика покажаа дека уште се заедно на кошаркарски натпревар каде не ги одделуваа рацете еден од друг.
Извесен период сепак беа разделени
Околу 2010 година се шпекулираше дека Џастин ја изневерил Џесика. Од друга страна, извори блиски до пејачот тврдеа дека ова не е точно и дека тој променил многу животни навики само за неа – на пример, престанал да излегува во дискотеки.
Но, очигледно имале проблеми бидејќи набрзо потоа се разделија.
„Заедно одлучија дека треба да се разделат. Добри пријатели се и еден за друг имаат само љубов и почит“, изјави тогаш извор близок до парот.
Решија да ѝ дадат уште една шанса на врската
Џастин и Џесика не издржале долго разделени, па неполна година подоцна, повотрно се смирија.
„Џесика навистина сакаше да се смират, а Џастин сфати дека сингл животот не е толку забавен“.
Истата година, 2012-та, тие и се свршија, а по десет месеци се венчаа во Италија. Во многу интервјуа, Џастин ја возвишуваше новата сопруга, а во една притоа изјави:
„Навистина е убаво кога ќе се венчаш со најдобриот пријател“.
Добија две деца
На почетокот од 2015 година, Џастин и Џесика се пофалија дека очекуваат дете и во април го добија синчето Силас.
Потоа, во 2020 година, го добија вториот син – Финеас – но се пофалија дури следната година.
Беа пример за среќен пар
Постепено, Џастин и Џесика станаа синоним за среќен и успешен брак.
„Имаме слични вредности, веруваме во лојалност, искреност. Сакаме да се забавуваме и имаме исти интереси. Исто така, и двајцата си ги сакаме кариерите и за тоа некогаш сме малку себични.
Штом ќе најдете личност која ги има истите вредности како вас, тогаш сте добиле многу“, има изјавено Џесика за хармонијата во нивниот брак.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





