Раскинал долга врска за 50 години помлада девојка: Кој е славниот пар со најголема возрасна разлика?
- Детали
- сабота, 24 мај 2025
Поранешниот рагби тренер Бил Беличик ставил крај на 16-годишна врска за девојка која има само 24 години. Тој, пак, веќе ја „гази“ осмата деценија од животот, но вели дека не го интересираат критики за неговата љубов.
Големата возрасна разлика меѓу славните парови не е ништо ново, но моментално со најголема разлика се поранешниот рагби тренер Бил Беличик и неговата девојка Џордон Хадсон.
Бил има 73 години, додека Џордон – само 24, што значи разликата меѓу нив е речиси 50 години.
Веројатно досега не сте слушнале за Бил освен ако не следите рагби, но периодов тој е хит и во странските медиуми, не само американските, поради девојка му која е многу помлада од него.
Уште почудно е што некогашниот тренер стави крај на 16-годишна врска со жена блиску до неговата возраст за новата девојка.
Со новата девојка, Џордон, тој е во врска околу две години и упорно ја брани нивната љубов.
„Никогаш не ме интересирало што мислат другите. Јас го правам она што сметам дека е најдобро за мене и дека е правилно“, изјави во неодамнешно интервју.
ВО истото интервју, Бил беше прашан како се запознале. Но, тогаш истапи девојка му која само му рече на новинарот:
„Не зборуваме за ова. Не“.
Џордин е инфлуенсерка и има учествувано на некои натпревари за убавина, а на Инстаграм редовно споделува фотки со саканиот.
Иако не сака да открива кога се запознале, а не му дозволува ни на Бил да зборува за тоа, се претпоставува дека се сретнале пред четири години.
Џордин сама кажа дека годинава слави четири години од нивната прва средба.
Парот првпат беше забележан заедно во 2023-та, а врската официјално ја потврдија во 2024 година.
Малку детали се познати за врска на контроверзниот пар, но некои рагби играчи и пријатели на Бил дури и се шегуваат на негова сметка.
Рагбистот Том Брејди, познат и како бившиот на Жизел Бундшен, има изјавено:
„Омилена случка ми е кога камерата на влезната врата го фати тренерот Беличик како се искрадува од куќата на таа кутра девојка, во шест часот наутро“.
Снуп Дог, пак, има изјавено:
„Гледав рагби порано, кога девојката на Бил Беличик уште не беше родена“.
Повеќе фотки од контроверзниот пар на следната страница...
Би можело да ве интересира:





