Бјанка Сенсори се шета гола во Шпанија, додека Канје „мака мачи“ со Ким – се заканува дека ќе му ги земе децата
- Детали
- понеделник, 19 мај 2025
По низата јавни испади, но и песната снимена со Пи Диди во која се појавува и ќерка му, Канје Вест може да го изгуби старателството над 4-те деца. Додека Ким му се заканува со тужби, тој ја парадира голата сопруга Бјанка низ Мајорка.
Иако веќе неколкупати најавија дека ќе се разведуваат, Канје Вест и Бјанка Сенсори уште си ја носат титулата најконтроверзен славен пар.
Поради јавните испади и скандалозното однесување, Ким Кардашијан се закани дека ќе му го одземе старателството на Канје над нивните четири деца.
Бјанка, пак, се чини не е многу вознемирена за семејните проблеми на нејзиниот сопруг, па викендов беше забележена во Шпанија, повторно во разголено издание.
Бјанка беше на Мајорка заедно со Канје, каде прошета со проѕирна блуза и црно здолниште.
Наводно, во Шпанија е дозволено жените да се сончаат топлес, но локалците што ја забележале Бјанка коментираат дека е невкусно да шета речиси гола низ градот.
„Зошто уште не е уапсена? Покажува непочитување кон целата држава. Ако жена која не е позната прошеташе вака, сигурно ќе беше уапсена“, гласи еден од многуте коментари.
Додека „ја парадира“ голата сопруга, Канје добива закани од бившата Ким Кардашијан дека ќе му ги одземе децата.
Ким и Канје се венчаа во 2014 година, а ријалити ѕвездата поднесе барање за развод во 2021-ва. Разводот беше финализиран следната година, а Канје и Ким добија заедничко старателство над нивните четири деца.
Бидејќи децата живеат со Ким, тие се договориле Канје да плаќа алиментација од 200.000 долари месечно.
Канје многупати беше забележан со најстарата ќерка, Норт, и со сегашната сопруга.
Иако на излегувањата со децата, Бјанка главно е во попристојни изданија, наводно на Ким не ѝ било сеедно што нејзините деца се зближиле со неа.
Во меѓувреме, Канје ја обвини Ким дека не му дозволувала да ги гледа децата, па дури и рече дека секојпат кога ги посетува, се чувствува како да оди во затвор.
„Не сакам само да ги видам моите деца, треба да ги воспитам. Треба и јас да одлучувам каде ќе одат на училиште, кои ќе им бидат пријатели, во чија куќа ќе спијат и дали моите ќерки ќе носат кармин и парфем.
Сите овие права ми беа одземени од Кардашијанс“, изјави раперот во твит кој веќе е избришан.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





