Бјанка Сенсори се шета гола во Шпанија, додека Канје „мака мачи“ со Ким – се заканува дека ќе му ги земе децата
Во истата објава, Канје обвинува и дека преку реалното шоу, Кардашијанс и студијата кои стојат зад нив ги користат неговите деца „со цел да влијаат врз црните луѓе“.
„Сите сакате да велите дека реагирам бурно поради трауми од детството, но мене ми е одземено правото да бидам татко. Треба да го потиснам фактот дека децата ми се одземени и сите само гледаат“.
Но, извори блиски до Ким ја одбранија ријалити ѕвездата:
„Канје беше неколку недели во Лос Анџелес (каде што живее Ким со децата) и не побара да ги види децата, освен Норт околу една недела пред да си замине од градот. Канје може да ги гледа децата кога и да посака, нема никакви ограничувања“.
Сепак, изворот додава дека Ким единствено сакала да ги заштити децата од проблематичното однесување на Канје.
„Ким е внимателна да не ги доведе децата во хаотична ситуација. Најважно е да ги заштити“.
По уште неколку слични „препукувања“, ситуацијата кулминира кога Канје се појави на Греми со Бјанка која беше потполно гола, но и кога објави песна со ќерка им Норт без дозвола од страна на Ким.
Според извори блиски до Ким, обидите да ги заштити децата од испадите на Канје ѝ станале како „работа со полно работно време“.
„Во многу тешка положба е бидејќи треба да се грижи за децата со него. Моментално, Канје е фокусиран на нешто сосема друго и Ким не сака да каже ништо лошо за него.
Но, безбедноста на нејзините деца ја поттикнува да направи нешто“.
Проблематичната песна, пак, беше издадена во март годинава, а она што најмногу ѝ пречело на Ким е што е направена во соработка со Пи Диди.
Песната била снимена пред апсењето на Диди. Кога обвиненијата против музичарот допреа до јавноста, Ким му рекла на Канје дека не сака песната да биде издадена. Или, ако е издадена, да се тргне гласот на Норт и воопшто да не биде спомната.
Канје наводно се согласил и ѝ ветил дека нема да ја издаде, но сепак ја издаде, заедно со гласот на Норт.
Кратко по премиерата на песната, Канје сакал да ја однесе Норт во неговото музичко студио, но Ким го спречила кога дознала дека истиот ден таму ќе присуствуваат Ендру и Тристан Тејт – инфлуенсерите кои се гонети за трговија со луѓе и силување.
Среде целата драма, Ким почнала сериозно да размислува да му забрани на Канје да ги гледа децата, но и да му го одземе старателството.
Бидејќи Ким се заканила дека ќе го тужи Канје за песната, и Канје сега се заканува:
„Промени си ја изјавата или ќе почнам војна. И, ниту еден од нас нема да закрепне од последиците. Ќе треба да ме убиеш“, наводно ѝ рекол на ријалити ѕвездата преку порака.
Засега не е познато што точно планира да направи Ким, односно дали ќе оди на суд и ќе се бори за целосно старателство.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





