Криси Тајген му се врати на алкохолот: „Изморена сум од повраќање во вторник и матни очи, но го пуштив ѕверот назад во мојот живот“
- Детали
- понеделник, 19 мај 2025
„Морам да ви признаам на сите – го пуштив назад ѕверот во мојот живот. Не знам што правам. Но сега знам дека сум изморена од повраќање во вторник, не сакам да чувствувам потреба да се напијам шот за да можам да зборувам со луѓето. Мразам што не можам да се напијам 1 коктел со маж ми, без да се претворат во 8. И длабоко сум свесна каде ова може да отиде ако дозволам“ - вели во емотивна исповед Криси Тајген.
Криси Тајген си ја отвори душата и зборуваше за своето искуство со трезвеноста и борбата со алкохолот, а откри дека повторно го пуштила назад во животот „тоа чудовиште“, како што го нарекува.
Сепак, признава дека сега е многу посвесна за неговата употреба и ефектот кој може да се случи ако дозволи, потсетувајќи се на некои од најмрачните моменти.
Нејзиното искуство со трезнење првпат почна во 2021, а во 2022, прослави една година откако е трезна и рече:
„Иако искрено не знам дали веќе никогаш нема да се напијам пијалак, знам дека веќе не сакам да бидам каква што бев. Ќе пробам да ги решавам лошите епизоди од животот без алкохол“.
Сега, на својот Инстаграм профил, 39-годишниот модел објави селфи со книгата Quit Like a Woman од Холи Витејкер, која ѝ помогнала да се откаже од алкохолот, промовирајќи ја новата епизода од подкастот во која токму таа ѝ е гостинка.
Прочитајте ја нејзината исповед за враќањето на алкохолот, но со поголема свест, како и моментите на кои не сака никогаш да се наврати:
„Oх човече. Се плашев од излегувањето на овој подкаст од моментот кога го снимивме. И тоа нема никаква врска со мојата неверојатна гостинка Холи.
Холи Витејкер ми го промени животот, ми ја промени перспективата и го промени начинот на кој гледам на тој ѕвер, а тоа е алкохолот.
Но морам да ви признаам на сите – го пуштив назад во мојот живот.
Знам дека ќе разочарам многумина од вас, го чувствувам тоа длабоко. Бев многу горда секојпат кога некој од вас ќе ме застанеше на улица да ми каже дека јас и Холи сме направиле да се замислите за пиењето. Уште сум. Вистината е дека не знам што правам.
100% знам дека повеќе се сакам себеси трезна. 100% знам дека завршувам повеќе и подобро се чувствувам во сопственото тело без него.
И 100% сум изнервирана што не можам да бидам нормална и да се напијам еден коктел со сопругот на одмор, без тоа да се претвори во 8 коктели и да се чувствувам како го*но.
Изморена сум од повраќање во вторник, не сакам да чувствувам потреба да се напијам шот за да можам да зборувам со луѓето. Го мразам тоа што помислата да се напијам една пијачка може да ме обземе некои денови.
Па вашиот рационален ум сега си вели ‘ДОБРО ТОГАШ ПРЕСТАНИ, КУ*КО’ и дефинитивно се согласувам. Сè што знам е дека целиот процес на трезвеност (и грешките) е променет на подобро.
Длабоко сум свесна каде ова може да отиде ако дозволам. Претпоставувам дека сега мојот план е да продолжам да бидам свесна за тоа.
Можам да одам трезна на концерт и да си поминам најдобро. Можам да избегнам апсинт на фестивал и да бидам исполнета со радост.
Фотографиите од роденденските прослави на моите деца веќе не ми се со матни, замижани и пијани очи. И горда сум на тоа.
Но знам дека мојот однос со алкохолот едноставно не е нормален и никогаш нема да биде. Ви благодарам што ми дозволивте да го сфатам тоа отворено пред сите вас.
Како и да е... ова е за сите луѓе кои се трудат да го сфатат тоа. И за целата трезна заедница, уште сум многу горда на вас. До следната средба...“
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





