Возрасни мажи го третирале како трофеј, му се додворувале кога имал само 15 години: Пропаста на „најубавото момче во светот“
- Детали
- недела, 25 мај 2025
Бјорн Андерсен на 15-годишна возраст бил нарекуван „најубавото момче во светот“ – епитет што му донесе светска салва, но и пропаст. Иако бил малолетен тинејџер, возрасни мажи го сексуализирале и го парадирале како да им е трофеј.
Веројатно не сте слушнале за Бјорн Андерсен, но во 1970-тите, шведскиот актер беше нарекуван „најубавото момче во светот“ и му се предвидуваше блескава светска кариера.
На 15-годишна возраст, Бјорн се појави во филмот Death in Venice на реномираниот италијански режисер Лукино Висконти и брзо стекна светска слава.
Режисерот го побарал токму Бјорн за улогата во неговиот филм бидејќи според него бил „олицетворение на чиста убавина“.
Но, Бјорн платил висока цена за славата од рана возраст бидејќи уште како тинејџер бил сексуализиран, а се шпекулира дека бил и жртва на сексуално насилство.
Сето ова довело до проблеми со менталното здравје, но и алкохолизам, па денес, на 70-годишна возраст, Бјорн живее сам, далеку од очите на јавноста.
Детали за тажниот живот на Бјорн Андерсен:
Како дете, Бјорн, кој е роден во Стокхолм, живеел со мајка му која не му кажувала кој му е татко. Кога имал 10 години, мајка му извршила самоубиство, по што Бјорн се преселил кај неговите баба и дедо.
Како дете, Бјорн сонувал да стане музичар, но неговата баба сакала да го направи славен, па го терала да оди на аудиции за филм.
На една ваква аудиција, тој го запознал италијанскиот режисер Лукино Висконти кој барал „убаво младо момче“ за неговиот филм Death in Venice.
Кога го здогледал Бјорн, режисерот бил восхитен од неговата убавина, но за да утврди дали би бил добар за улогата, на аудицијата го натерал да соблече сè, освен долната облека.
Ова, секако, не било пријатно искуство за тогаш 15-годишниот Бјорн.
„Лукино ме сексуализираше. Ми беше многу непријатно кога ми рекоа да си ја соблечам блузата. Потоа, се сеќавам, ми рече да позирам во пози во коишто никогаш не би застанал.
Дури сега сфаќам дека бев сексуализиран“, има изјавено Бјорн многу години подоцна.
Тој ја доби улогата, за што му биле платени 4.000 долари, но целото снимање било лошо искуство за актерот.
Имено, режисерот ѝ наредил на целата филмска екипа да се држи настрана од Бјорн, додека нему му забранувал да прави многу работи со цел да си ја „зачува убавината“.
„Не смеев да излегувам на сонце, да играм фудбал, да пливам во морето или да правам што било што ќе ми даде барем малку задоволство“.
На премиерата на филмот во Лондон, на која присуствувала и кралицата Елизабета, токму режисерот го претставил Бјорн како „најубавото момче во светот“.
И, ова го претворило во една најпознатите личности во светот.
„Се чувствував како околу мене да има јато лилјаци. Како да живеев во кошмар. Се претворив во секс објект“, има изјавено Бјорн за овој период од животот.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





