Возрасни мажи го третирале како трофеј, му се додворувале кога имал само 15 години: Пропаста на „најубавото момче во светот“
Во филмот, Бјорн гуми лик кој е хомосексуалец, иако самиот се декларира како стрејт. Но, без разлика на неговата сексуална ориентација, тој сепак имал само 15 години.
Возраста на Бјорн не го спречила режисерот да го носи по геј клубови каде го терал да се запознава со богаташи кои, пак, го гледале како трофеј и го опсипувале со подароци.
Самиот Бјорн има изјавено дека ваквите излегувања му биле особено непријатни, како и дека почнал да добива љубовни писма од обожавателки, но и возрасни мажи.
Бјорн ја продолжил актерката кариера во Европа, но никако не можел да се ослободи од епитетот „најубавото момче“ што го презирал.
Во 1976 година, отишол во Париз со цел да снима филм, но проектот бил откажан.
Сепак, Бјорн останал во француската престолнина цела година, без „скршен денар“. Но, богатите мажи кои ги познавал му купувале храна, му дале стан за живеење, па дури и му давале џепарлак.
Додека Бјорн мислел дека само се фини и добри личности, дури подоцна сфатил дека го гледале како трофеј со кој се фалеле на забави и настани.
Бјорн нема откриено дали бил жртва на некој од мажите, но вели дека поради тоа што минувал многу време во такво опкружување, бил несигурен за својата сексуалност.
Кога, пак, би сфатил дека дефинитивно е стрејт, му било тешко да почне врска со жена. Иако постојано бил опкружен со обожавателки, не знаел како да им пријде или како да флертува со нив.
Актерот сепак успеал да најде љубов, па во 1983 година се венча со сопругата Сузана. Следната година добија и ќерка, а потоа и син. Но, синчето почина на само 9-месечна возраст.
Бјорн се обвинувал себеси за смртта на детето, па почнале да му се влошуваат проблемите со менталното здравје.
Имал депресија, почнал да пие многу алкохол и целосно се повлече од јавноста, а во 1987-ма се разведе од сопругата.
До 2003 година, никој не знаеше каде е Бјорн, а дел од јавноста веруваше и дека е починат.
Кога повторно се појави во јавност, малку повеќе се фокусира на музичката кариера, а имаше и мала улога во филмот Midsommar од 2019 година.
Сепак, она што го преживеал како тинејџер засекогаш го има одбележано неговиот живот. Уште страда од депресија, а вели дека искуството со италијанскиот режисер што го прослави му го уништило целиот живот.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





