Тешкиот пат до славата на Педро Паскал: Немал пари за кирија, по 15 години неуспех сакал да се откаже
Се истакна и во серијата Narcos
По Game of Thrones, Педро Паскал успеа да добие главна улога во серија, што е огромно достигнување за секој актер.
Тој глумеше еден од агентите во серијата Narcos која е инспирирана од случајот со Пабло Ескобар. Серијата има неколку главни ликови, а оној на Педро беше еден од поважните.
Иако серијата не се прослави како другите слични серии, на пример Breaking Bad, беше доволно за да му го цементира статусот на ѕвезда на Педро.
Доби главна улога и во The Mandalorian
The Mandalorian е „спиноф“ серија од популарната франшиза Star Wars, а по неколку аудиции, Педро ја доби главната улога.
Франшизата веќе си имаше милиони фанови, но фактот што во серијата се појавува Педро дополнително ја зголеми популарноста. И, со ова се покажа дека Чилеанецот веќе се вбројува меѓу највлијателните луѓе во Холивуд.
Серијата му беше можност на Педро вистински да го покаже својот талент, бидејќи во најголем дел од сцените, тој носи шлем што му го крие лицето.
Уште една главна улога, во The Last of Us
Адаптацијата на популарната видеоигра ја следат и луѓе кои никогаш не ја играле играта, во голема мера поради Педро Паскал.
Актерот одлично се снајде со улогата, а си доби и неколку номинации за престижни награди, како Златен глобус.
Некои велат и дека досега, ова е неговата најдобра улога.
Се докажа и како филмски актер
Иако му дои одлично со сериите, Педро Паскал пробува да го промени фокусот и кон филмови. Годинава тој ќе се појави во филмот The Fantastic Four: First Steps, а ќе има улоги и во други филмови на Марвел.
Се појави и во вториот дел од Gladiator, а го позајмуваше гласот во анимираниот филм The Wild Robot.
Веќе е ангажиран и за други филмови и серии од реномирани режисери, каде ќе глуми рамо до рамо со некои од најпознатите холивудски актери.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





