Тешкиот пат до славата на Педро Паскал: Немал пари за кирија, по 15 години неуспех сакал да се откаже
- Детали
- сабота, 31 мај 2025
Педро Паскал останал без пари по 15 неуспешни години во Холивуд и не се откажал само затоа што то добил мал неочекуван приход. Ова му помогнало да издржи до 2014-та, односно додека да ја добие улогата во Game of Thrones, па да стане светска ѕвезда во петтата деценија од животот.
Сите тргнуваме од претпоставката дека животот на славните актери е совршен – си ја работат работата од соништата, а и сигурно не им недостасуваат пари.
Но, забораваме дека некои до најголемите холивудски ѕвезди почнале од нула и се бореле со огромна конкуренција.
Точно е дека некои од нив имале среќа да се родат во семејства кои веќе биле активни во филмската индустрија, како Анџелина Џоли чиј татко е актерот Џон Војт. Сепак, дел од нив морале сами да се снаоѓаат и им биле потребни многу години за да стигнат до врвот.
Одличен пример за ова е Педро Паскал кој моментално е една од најголемите ѕвезди во Холивуд, но се прослави дури на 40 години. Како што самиот има изјавено:
„Мојата почетна позиција во Холивуд траеше 15 години и тој период не можев да одам на доктор (немав здраствено осигурување), не можев ни да си платам кирија“.
Тешкиот пат до славата на актерот од Чиле:
Првата „голема“ улога му била во серијата Buffy the Vampire Slayer
Родителите на Педро се преселиле од Чиле во САД како бегалци, кога актерот имал девет месеци. Овде тој студирал глума, но немал многу среќа да најде работа.
Се појавил во неколку кратки филови, а првото појавување на телевизија му било на 24-годишна возраст, во серијата Good vs. Evil од 1999-та.
Истата година добил мала улога во серијата Buffy the Vampire Slayer која тогаш беше огромен хит. Но, ни ова не му помогнало да ја лансира својата кариера.
Единствено успеал да добие неколку мали улоги во серијата Law & Order, а потоа и во The Good Wife.
Бил дел од откажана серија
Во 2011-та, по бројни мали (и безначајни) улоги, Педро Паскал добил улога во ТВ адаптација на стрипот Wonder Woman.
Првата епизода била снимена, но воопшто не се емитувала и целиот проект бил откажан.
Интересно е што девет години подоцна, тој ќе се појави во филмската адаптација на стрипот – Wonder Woman 1984.
Безуспешно се обидувал да се пробие 15 години
По толку долг период, многумина би се откажале од идејата да станат холивудска ѕвезда. И, Педро бил на раб да се откаже бидејќи останал без пари.
Но, добил мала сума пари откако серијата Buffy the Vampire Slayer се појавила на неколку стриминг платформи.
Овие пари му помогнале да издржи уште малку, додека да ја добие улогата во Game of Thrones.
Не ја добил улогата „од прва“
Во Game of Thrones, Педро го глуми шармантниот Оберин Мартел и иако ликот се појавува само една сезона, ова беше доволно да го направи миленик на јавноста, а актерот да го претвори во светска ѕвезда.
Сепак, за Педро не било лесно да ја добие улогата – на првата аудиција бил одбиен од кастинг директорот.
Но, актерката Сара Полсон, која му е добра пријателка, ја испратила снимката од неговата аудиција директно до креаторите на серијата. Тие биле импресионирани и веднаш му ја дале улогата.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





