Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Џани бил поврзан со мафијата, Донатела беше зависна од кокаин: Мрачните тајни на семејството Версаче

„Нека почива во мир, но Џани не беше искрен човек, тоа е вистината“, има изјавено модел кому Џани Версаче му должел дури еден милион долари. Наводно, дизајнерот бил задолжени и кај мафијата, па затоа бил убиен.

dzhani-bil-povrzan-so-mafijata-donatela-beshe-zavisna-od-kokain-mrachnite-tajni-na-semejstvoto-versache-01.jpg

Денес Versace е еден од најпознатите модни брендови во светот, а е основан од Џани Версаче, со помош на неговата сестра Донатела.

Иако Донатела, но и починатиот Џани уживаат почит кај јавноста, факт е дека нивното семејство си има и по некоја мрачна тајна.

Дел од овие тајни во продолжение:

Односот на Донатела и Џани Версаче бил токсичен

Во јавност преовладува мислењето дека Донатела и брат ѝ Џани биле мошне блиски, а така изгледаа и кога се појавуваа во јавност пред неговата смрт.

Сепак, Донатела самата има изјавено дека таа си давала за слобода остро да го критикува за модниот бренд.

„Се гледав себеси како единствената личност која можеше да му ја каже вистината на Џани, бидејќи кога е во прашање голем дизајнер, тој нема да слуша никој друг. Па, можевме да се караме во шест часот, а веќе во осум да вечеравме заедно“.

За тоа какви всушност биле нивните караници има зборувано поранешниот сопруг на Донатела – Пол Бек. Според него, односот меѓу братот и сестрата бил ништо помал од токсичен и нивните караници биле „експлозивни“.

„Кога ги слушав, мислев дека ќе се убијат. И, се караа за безначајни работи, како каде да стојат џемперите во новиот бутик“.

По една ваква караница, тие воопшто не зборувале еден со друг шест месеци.

dzhani-bil-povrzan-so-mafijata-donatela-beshe-zavisna-od-kokain-mrachnite-tajni-na-semejstvoto-versache-02.JPG

Донатела имаше проблем со зависност

Донатела успешно ја криеше зависноста од кокаин скоро две децении, а првпат прозборе за порокот откако се ослободи од него.

Во 2005-та, во интервју, Донатела откри дека не одела на забава без кокаин, како и дека на почетокот брат ѝ воопшто не знаел за нејзината зависност.

По убиството на брат ѝ во 1997-ма, зависноста на Донатела само се влошила. И покрај тоа што 18 години била зависник, Донатела некако успевала да работи, но истакнува дека дрогата имала огромно влијание врз нејзиниот однос со децата.

Решила да оди на рехабилитација откако нејзините деца, со помош на Елтон Џон, ја замолиле да побара помош.

„Бев овде за моите деца, но сфатив дека ми е тешко да изградам блискост со нив. Па, Елтон Џон ми рече ’Донатела, знаеш дека не те присилуваме, но треба да одиш на рехабилитација. Те чека авион‘.

Бев подготвена. Дотогаш мислев дека имам контрола над зависноста, но ова не беше точно“.

dzhani-bil-povrzan-so-mafijata-donatela-beshe-zavisna-od-kokain-mrachnite-tajni-na-semejstvoto-versache-03.JPG

Донатела со скара со дечкото на Џани, ѝ откако беше убиен

Џани Версаче имаше долга и сериозна врска со Антонио Дамико. Впрочем, тој е и личноста што го нашла пред неговиот дом кога Џани беше застрелан.

Бидејќи долго време беа заедно, по смртта Џани му ги оставил сите свои куќи, а во тестаментот наредил да добива и 57.000 долари месечно. Но, на Донатела не ѝ се допаѓало ова, почнала караница со Антонио, па на крај тој се повлекол.

„Ги вратив сите куќи што ми ги остави Џани бидејќи не сакав да бидам во близина на Донатела… Пробував да ја гледам како семејство, но кон крајот ја гледав како чудовиште.

Не знам зошто ме мразеше толку многу. Можеби беше љубоморна бидејќи бев близок со Џани и мене ме слушаше повеќе отколку неа“.

И Донатела има изјавено дека баш и не го сакала:

„Го почитував како дечко на брат ми, но никогаш не ми се допаѓаше како личност“.

dzhani-bil-povrzan-so-mafijata-donatela-beshe-zavisna-od-kokain-mrachnite-tajni-na-semejstvoto-versache-04.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Линдзи Лохан – 10: Славни личности со најмногу апсења Винона Рајдер била уапсена петпати во една година, додека таткото на Чарли Шин б...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
Ен Никол Смит, Елвис Присли: Славни личности кои имале досие во ФБИ (и зошто) Од ФБИ мислеле дека Ен Никол Смит сакала да го убие синот на нејзиниот сопруг ми...
Бурниот љубовен живот на Брижит Бардо: Се венчала 4 пати, имала афери со над 20 мажи Брижит самата била виновна за трите разводи бидејќи ги изневерила сопрузите. Но,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg