Џани бил поврзан со мафијата, Донатела беше зависна од кокаин: Мрачните тајни на семејството Версаче

Џани Версаче наводно бил поврзан со мафијата

Еден од најголемите скандали поврзани со Џани Версаче „изби“ по неговата смрт, односно во 2010-та, кога италијански новинар тврдеше дека дизајнерот соработувал со италијанската мафија.

Новинарот издаде книга за која интервјуирал поранешни членови на мафијата кои му потврдиле дека Џани соработувал со нив.

„Имаше реки од пари заработени од дрога, рекетирање, лихварство – планини од пари – и, некој мораше да ги испере. Се користеа барови, ресторани, но и ’чисти‘ бизниси како Versace за да се перат парите“.

Едниот од изворите на новинарот дури тврди и дека Џани бил убиен од мафијата бидејќи должел пари.

dzhani-bil-povrzan-so-mafijata-donatela-beshe-zavisna-od-kokain-mrachnite-tajni-na-semejstvoto-versache-05.JPG

Ќерка ѝ на Донатела страдаше од анорексија

Ќерката на Донатела, Алегра, имала само 11 години кога бил убиен Џани Версаче. Па, тешко се справила со загубата, а чувствувала и вина кога тој ѝ оставил половина од компанијата.

„Со години живеев во мрак. Не се сеќавав на ништо од мојот живот пред тој ужасен ден… Се плашев дека ќе морам да бидам голема како него, но знаев дека тоа е невозможно, дека не сум способна“.

Поради стресот, но и фактот што пораснал опкружена со манекенки, Алегра развила анорексија, а дијагнозата ја потврди мајка ѝ. Иако подоцна Донатела тврдеше дека здравјето на Алегра е подобрено, извор близок до семејството изјави дека ова не е точно:

„Ако Алегра виде своја фотографија или снимка на телевизија, полудува. Уште страда од телесна дисморфија“.

dzhani-bil-povrzan-so-mafijata-donatela-beshe-zavisna-od-kokain-mrachnite-tajni-na-semejstvoto-versache-06.JPG

Џани е обвинет за сексуално вознемирување

Актерот Кевин Сорбо го има обвинето Џани за сексуално вознемирување. Во 1984 година, пред да се прослави, актерот добил понуда од Џани да сними рекламна кампања.

Но, како што почнале со снимање, Џани почнал да му ја допира ногата. Актерот неколкупати му повторил дека е стрејт, но дизајнерот не запирал и наводно му рекол:

„Затоа и ми се допаѓаш, бидејќи си мажествен маж“.

dzhani-bil-povrzan-so-mafijata-donatela-beshe-zavisna-od-kokain-mrachnite-tajni-na-semejstvoto-versache-07.JPG

Џани веројатно имал и други долгови

Покрај наводниот долг кон мафијата, Џани Версаче му должел многу пари и на италијанскиот модел Фабио. Според моделот, во 1990-тите добил понуда да соработува со Versace – нешто што го одбележало почетокот мошне успешна кариера.

Направил договор за околу еден милион долари кои, на крај, не му биле исплатени.

„За жал, Џани не беше многу искрен човек. Нека почива во мир, но тоа е вистината“, вели моделот.

dzhani-bil-povrzan-so-mafijata-donatela-beshe-zavisna-od-kokain-mrachnite-tajni-na-semejstvoto-versache-08.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Две забремениле на само 16 години, сите ги изневерувал: Четирите сопруги на Чарли Чаплин Неговата прва сопруга имала само 16 години кога се венчале, а на иста возраст би...

Најчитани неделава