Откако остана без другарки, Блејк Лајвли повлече две тужби против Џастин Балдони – Дали некој уште ја поддржува?
- Детали
- вторник, 03 јуни 2025
Откако најдобрата другарка Тејлор Свифт ѝ сврте грб, а и практично си ја уништи репутацијата во јавност, Блејк Лајвли се одучи на драстичен чекор – да повлече две тужби против Џастин Балдони. Наводно, од неа се побарало да поднесе медицински доказ за обвиненијата, но не сакала.
Додека пробува да си ја спаси репутацијата и откако најдобрата другарка ѝ сврте грб, Блејк Лајвли реши да направи промени во својата тужба против режисерот Џастин Балдони.
Како што открива Daily Mail, 37-годишната актерка повлекла една од тужбите против Балдони, односно тврдењето дека тој намерно ѝ предизвикувал емоционална вознемиреност за време на снимањето на It Ends With Us.
Потоа Блејк повлекла уште една слична тужба – тврдењето дека и небрежно ѝ предизвикувал емоционална вознемиреност на сетот.
Одбраната на Џастин сака да докаже дека сите тврдења на Блејк се лажни, па во однос на повлечените тужби, од актерката побарале медицински доказ.
Но, Блејк не сакала да го сподели нејзиното медицинско досие со одбраната, наводно бидејќи се плашела од злоупотреба на информациите.
Актерката тврдеше дека вознемирувањето на режисерот резултирало со негативно влијание врз нејзината физичка, психичка и емоционална благосостојба.
Повикувајќи се на свои извори, Daily Mail открива дека адвокатскиот тим на Блејк се надевал дека информацијата за повлечената тужба нема да допре до јавноста.
Од друга страна, исто така за британскиот медиум, одбраната на актерката вели дека сето ова е уште еден обид на Џастин да ја „оцрни“ во јавност.
„Ова е уште една рутинска постапка во рамки на судскиот процес која се користи како медиумски трик. Ние го правиме тоа што го прават судските адвокати – се подготвуваме за судење преку поедноставување и фокусирање на случајот.
Тие (адвокатите на Балдони) го прават тоа што го прават секогаш – очајно бараат уште една тура на таблоидно покривање.
Госпоѓа Лајвли и понатаму тврди дека трпела емоционално вознемирување, како дел од неколкуте други обвинувања во нејзината тужба, како што се сексуално вознемирување и одмазда, и бара огромна дополнителна оштета како надомест“.
И покрај повлечените тужби, режисерот сепак ќе треба да се брани против обвиненијата за сексуално вознемирување и организирањето кампања за да ѝ ја уништи репутацијата на Блејк.
Џастин, пак, бара 400 милиони долари од Блејк и ја обвинува за обид да му ја уништи кариерата и репутацијата.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





