Откако остана без другарки, Блејк Лајвли повлече две тужби против Џастин Балдони – Дали некој уште ја поддржува?
Неодамна, Блејк проба да ја вовлече и Тејлор Свифт во судењето која инаку ѝ беше најдобра пријателка. Наводно, Блејк ѝ се заканила дека ќе објави дел од пораките што си ги пишувале доколку Тејлор не застане во нејзина одбрана.
Наместо да ја поддржи, Тејлор одлучила да стави крај на нивното пријателство.
Откако почна целата драма со Џастин Балдони, во јавност почна да се зборува за тоа каква личност е Блејк.
Луѓе кои соработувале со неа почнаа да откриваат дека отсекогаш се однесувала разгалено, а почнаа да се споделуваат и постари интервјуа во кои Блејк се однесува ужасно кон новинарите.
Сега, пак, реши да се огласи режисерот на првиот филм во кој се појави Блејк, пред околу 20 години. Првата улога на Блејк е во филмот The Sisterhood of the Traveling Pants. Тогаш актерката имаше 16 години.
Според режисерот Кен Квапис, таа мошне добро се снашла со улогата.
„Тешко е да замислите кој било друг во улогата наместо Блејк, иако тоа беше нејзиниот прв ангажман како актерка. Имаше 16 години кога дојде на аудиција и ги освои сите. Имаше некоја интуитивна конекција со ликот“.
Тој вели дека Блејк веднаш се зближила и со останатите три актерки од филмот.
„Четирите девојки глумеа најдобри пријателки, но останаа најдобри пријателки и откако заврши снимањето. Ова е реткост во Холивуд и е навистина убаво“.
За разлика од Тејлор Свифт, трите колешки од првиот филм јавно ја поддржаа Блејк.
Покрај нив, Блејк доби поддршка од уште неколку колешки, вклучително Ејми Шумер и Амбер Херд.
Но, дел од славните што ја поддржаа, како Колин Хувер (авторката на It Ends With Us), се премислија откако Џастин почна да ја споделува својата страна на приказната.
Судењето е закажано за март 2026 година.
Прочитајте и: Тејлор Свифт се чувствува искористено, Џиџи Хадид ја игнорира: Зошто најдобрите пријателки ѝ свртија на Блејк Лајвли?
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





