Џеси Џеј откри дека има рак на дојка, по спонтаниот абортус: „Ми треба некој да ме гушне“

Пејачката Џеси Џеј откри дека има рак на дојка во ран стадиум и дека летоска ќе прави операција. И покрај емотивниот период, забавна како и секогаш, таа кажа и шега на своја сметка, односно дека по операцијата, ќе се врати со нова музика, но и со поголеми гради.

dzhesi-dzhej-otkri-deka-ima-rak-na-dojka-vo-ran-stadium-mi-treba-nekoj-da-me-gushne01.jpg

Во емотивна објава на Инстаграм, пејачката Џеси Џеј откри дека ѝ е дијагностициран рак на дојка и дека наскоро ќе прави операција.

37-годишната пејачка, која има едно дете, ги сподели вестите со видео. Во описот, Џеси вели дека изминативе два месеца биле доста добри за неа, но дека сега, во овој миг, ѝ треба некој да ја гушне.

dzhesi-dzhej-otkri-deka-ima-rak-na-dojka-vo-ran-stadium-mi-treba-nekoj-da-me-gushne-05.JPG

На почетокот од видеото, пејачката вели дека се двоумела дали воопшто да ја сподели дијагнозата, но истакнува дека би сакала нејзините фанови да знаат бидејќи отсекогаш била отворена личност.

„Пред да излезе оваа тајна (во јавност), да кажам јас - ми беше дијагностициран рак на дојка во ран стадиум.

Го нагласувам зборот ’ран‘. Ракот е ужасен во секој облик, но се држам за зборот ’ран‘. Правев тестови целиот овој период.

dzhesi-dzhej-otkri-deka-ima-rak-na-dojka-vo-ran-stadium-mi-treba-nekoj-da-me-gushne-04.JPG

Само сакав да бидам отворена и да споделам. Не ја процесирам дијагнозата бидејќи работам многу.

Исто така, знам колку споделувањето ми помогнало во минатото, кога другите луѓе ми ја давале својата љубов и својата поддршка и, исто така, нивните искуства. Јас сум отворена книга.

Ми се крши срцето што толку луѓе минуваат низ ова. Низ слично и полошо. Тоа е делот што ме убива“.

dzhesi-dzhej-otkri-deka-ima-rak-na-dojka-vo-ran-stadium-mi-treba-nekoj-da-me-gushne-02.JPG

И покрај емотивниот период, пејачката кажува и шега на своја сметка:

„Летоска малку ќе исчезнам за да направам операција и ќе се вратам со големи гради и нова музика“.

Погледнете го видеото во продолжение:

Инаку, во 2021 година, Џеси Џеј доживеа спонтан абортус - тежок период од животот за кој исто така беше отворена со фановите.

Прочитајте повеќе: Џеси Џеј расплакана објави емотивна исповед: „Го изгубив бебето, нема срцева акција“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Детали за новата врска на Џеј Ло со колега + сите нејзини разводи и свршувачки Џеј Ло зад себе има четири разводи, а сега ја поврзуваат со колега од нејзиниот ...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Комплицираниот љубовен живот на Џуд Ло: Седум деца од четири жени, афера со дадилка Со сегашната сопруга, Џуд Ло има две деца. Но, тој има и уште две деца од претхо...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...
Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...

Најчитани неделава