Победа за Блејк Лајвли во драмата со Џастин Балдони – тужбата на режисерот беше отфрлена
- Детали
- вторник, 10 јуни 2025
Контратужбата на Џастин Балдони против Блејк Лајвли, во која бара 400 милиони долари отштета од актерката, беше отфрлена. Иако ова е победа за Блејк, нејзината репутација дефинитивно настрада, а остана и без најблиските, како најдобрата пријателка Тејлор Свифт.

Блејк Лајвли „извојува“ победа во случајот со Џастин Балдони, откако неговата контратужба против актерката беше отфрлена.
Кон крајот на минатата година, Блејк Лајвли го тужеше Џастин Балдони за сексуално вознемирување на сетот на It Ends With Us. Набрзо потоа режисерот поднесе контратужба за клевета, во која наведе дека актерката, заедно со нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс, пробувала да му ја уништи репутацијата, а со тоа и кариерата. Со тужбата, тој бараше отштета од дури 400 милиони долари.
Истовремено, режисерот поднесе тужба и против The New York Times за колумна за целиот случај со Блејк. Од весникот, режисерот побара 250 милиони долари отштета.
Сега случајот доби неочекуван пресврт – тужбите против Блејк и американскиот медиум беа отфрлени.
Имено, според судијата што ја отфрли тужбата, Џастин ја тужел Блејк за нејзината официјална жалба во која навела дека била вознемирувана од него.
Бидејќи официјалната жалба е таканаречена привилегирана изјава, Блејк не може да биде тужена за клевета. Самата пријавува вознермиување, па законот во САД ја заштитува како потенцијална жртва.
Блејк разговарала само со надлежни лица, и самото тоа ја штити. Доколку ги изнесеше своите обвиненија јавно, на пример на социјални мрежи, тогаш тужбата на Џастин можеби и не би била отфрлена.
Што се однесува до тужбата против The New York Times, судијата заклучил дека медиумот немал за цел да зазема страна, туку само било пренесено она што се случило.
За Daily Mail се огласи адвокатскиот тим на Блејк кој стои на ставот дека контратужбата на Балдони била неоснована и „лажна“, како и дека сега ќе се фокусираат на следната фаза од случајот.