Победа за Блејк Лајвли во драмата со Џастин Балдони – тужбата на режисерот беше отфрлена
Неколку часа по отфрлањето на тужбата, Блејк Лајвли се огласи на Инстаграм:
„Минатата недела, гордо стоев покрај 19 организации обединети за правото на жените да зборуваат слободно за нивната безбедност.
Како и многу други, ја почувствував болката од одмаздничка тужба, вклучувајќи го и наметнатиот срам што се обидува да нè скрши.
Поодлучна сум од кога било да продолжам да се борам за правото на сите жени да имаа глас за да се заштитат себеси, вклучително и нивниот интегритет, нивното достоинство и нивната приказна.
Љубов и благодарност за сите кои застана покрај мене - многу од вас познавам, многу од вас не. Но, никогаш нема да престанам да ве ценам или да се борам за вас“.
Сега останува судењето за тужбата на Блејк против Балдони, кое е закажано за март, следната година.
Прочитајте и: Откако остана без другарки, Блејк Лајвли повлече две тужби против Џастин Балдони – Дали некој уште ја поддржува?
Иако ова е победа за Блејк, во целата ситуација актерката изгуби многу блиски личности, вклучувајќи ја и најдобрата пријателка Тејлор Свифт која се оддалечи од неа.
Исто така, во јавност почнаа да се споделуваат постари видеа од актерката во кои се однесува лошо кон новинари кои ја интервјуираат.
Луѓе кои соработувале со неа почнаа да споделуваат и искуства за лошото однесување на актерката.
Репутацијата на Блејк, но и на нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс, дефинитивно претрпе удар, но актерката стои на ставот дека целото е поради кампањата на Џастин Балдони која има за цел да ја „оцрни“ во јавност.
Засега, Џастин Балдони се нема огласено за отфрлената тужба.
Прочитајте и: Го влече за рака, го тера да позираат вљубено: Блејк Лајвли очајно пробува да си ја спаси репутацијата со Рајан Рејнолдс
Спирова С. | Црнобело