„Опасно е“ - По Емили Ратајковски, и Жизел Бундшен стана мета на критики за начинот на кој се грижи за бебето
- Детали
- среда, 11 јуни 2025
Бразилската убавица во кенгур го носеше своето трето дете, кое го доби со новиот партнер, по разводот од Том Брејди. Но, што поттикна лавина од негативни реакции за време на прошетката со бебето и нејзиното куче? „Се надевам му верува на тоа куче“, е еден од коментарите.

Од начинот на кој го држи детето до тоа дека пие додека дои, Емили Ратајковски во 2021 година постојано беше мета на критики во медиумите поради начинот на кој се грижи за своето дете.
Емили има едно дете, син роден на 8 март 2021 година, со поранешниот сопруг Себастијан.
Прочитајте и Не знае да го држи бебето, пие вино додека дои – секој пат кога мајчинството на Ратајковски беше мета на критики

Сега, со најновите фотографии со бебето на мета се најде и моделот Жизел Бундшен.
Жизел Бундшен беше забележана со нејзиното новородено синче, додека шеташе сама во Флорида.

Бразилската убавица во кенгур го носеше своето трето дете, кое го има со партнерот Хоакин Валенте.

Но, 44-годишниот модел на себе го имаше закачено и поводникот од нејзиното куче, околу торзото, користејќи т.н. „поводник за слободни раце“ за да може да се справи со бебето.
Но, следбениците на моделот коментираат дека имајќи и куче и бебе приврзани за телото може да биде потенцијално опасно, доколку кучето одеднаш се затрча по нешто и ја повлече сопственичката, која би можела да падне на земја.

Во таква ситуација, бебето може да биде повредено.
Дел од коментарите се:
„Рачните поводници се подобри затоа што ако се случи нешто неочекувано, секогаш може да го пушти поводникот“, напиша еден фан на Редит.
Друг додаде: „Мора навистина да му верува на тоа куче!“

Поводниците за слободни раце можат да го изложат сопственикот на ризик да биде соборен или дури и влечен од многу големо или силно куче.
Ако кучето се затрча по мачка или ако се појави друго куче и дојде до судир, бебето би било во опасност.
Жизел сè уште не го откри името на своето трето дете, иако магазинот People тврди дека средното име му е Ривер.
Ова ѝ е прво дете со партнерот Хоакин Валенте.

Бразилската ѕвезда веќе има син Бенџамин (15), ќерка Вивиан (12), како и посинок Џек (17), од поранешниот сопруг Том Брејди.



Прочитајте и Жизел Бундшен (44) се породи: Прво дете со дечко ѝ Хоакин, бившиот Том Брејди уште не може да ја преболи
С. С. | Црнобело