Не знае да го држи бебето, пие вино додека дои – секој пат кога мајчинството на Ратајковски беше мета на критики

Како во периодот на бременоста, така и откако се породи, топ-моделот и дизајнерката Емили Ратајковски често објавува фотографии на социјалните мрежи, a се чини дека за сè што ќе објави таа се соочува и со голем број критики.

ne-znae-da-go-drzhi-bebeto-pie-vino-dodeka-doi-sekoj-pat-koga-majchinstvoto-na-ratajkovski-beshe-meta-na-kritiki-01.jpg

Таа е една од познатите личности што често се наоѓа на мета на критики. Веќе вообичаено стана секоја нејзина објава на социјалните мрежи да биде проследена како со пофалби, така и со низа критики.

Во продолжение неколку работи за кои таа беше мета на критики:

Појас во автомобилот

Навидум вообичаена фотографија: „Емрата се вози во автомобил и на неа го носи безбедносниот појас во автомобилот“.

Кратко време откако фотографијата беше објавена на социјалните мрежи дизајнерката се соочи со низа критики затоа што не го носи појасот правилно.

Никој не ѝ даде совет како треба правилно да го носи појасот, туку веднаш побрзаа да ја оцрнат и да кажат дека е лоша мајка, па некои отидоа дотаму и да го постават прашањето дали таа воопшто ќе може да се грижи за нејзиното неродено дете.

Филери за усни

Откако Емили објави фотографија на која бремена решила да ги пополни усните, повторно беше обвинета за тоа што се одлучила да прими инјекции во усните за време на бременоста и да го доведе бебето во опасност.

Емили велеше дека усните ѝ се пополнети поради тоа што качила некој килограм и дека тоа е нејзиниот природен изглед, но критиките продолжија и тоа од страна на обожавателите што едноставно не ѝ веруваа и сметаа дека таа не знае да направи вистински избор кога станува збор за здравјето на нејзиното неродено дете.

Погрешно држење на бебето

Следбениците ја нападнаа за тоа како го држи бебето бидејќи воопшто не му го држи вратот. Некои коментираа за тоа како неправилно му е наместен ’рбетот и повторно следеа низа критики.

Емили се обиде да се одбрани со одговор, но следбениците не ја сослушаа туку ѝ ја залепија етикетата дека таа е „лош родител“. 

1_Another-day-another-Piers-Morgan-tweet-knocking-women.jpg

Уште четири критики на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Објави фотки како го дои новороденото синче и се молзи – Што прави денес бунтовната „Токио“ од „La C... Бунтовничката позната како Токио од La Casa de Papel, неодамна го роди првиот си...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Парис Хилтон во штикли на плажа - пропаѓа во песокот додека сопругот вторпат ја запросува „Пет години подоцна, поради него срцето сè уште ми потскокнува. На Денот на...
„Бебето ми паѓаше од вагината, се здебелив 27kg“ – Кајли Џенер откри непознати детали за бременоста „Многу нешта се случуваа со мојата вагина. Бев 3cm отворена околу два месеца. Бе...

Најчитани неделава