Бред Пит докажува дека 60-тите се новите 30-ти - Му годи младата девојка (32), Џоли ја нарекува „грешка од минатото“
- Детали
- петок, 13 јуни 2025
„Бред е среќен што разводот е зад него“.... Актерот (61) блеска на промоцијата на неговиот најнов филм, а љубовта со 29 години помладата девојка Инес де Рамон очигледно му годи.

Бред Пит изгледаше кул и елегантно во впечатливо виолетово одело со бела маица на промоцијата на неговиот нов филм „F1: The movie“ за Формула 1 во Мексико Сити.
61-годишниот актер во филмот ја толкува улогата на проблематичниот тркач Сон Хејс.
Со нова кратка фризура што потсетува на раните 2000-ти, Бред ни врати спомени и докажа дека и на 61 година и вистински заводник, како и во 30-тите.

На премиерата на филмот на прашањата од новинарите Бред Пит зборуваше за тоа како се справува со животните подеми и падови.
„Без разлика на грешката, знаеш, учиш од неа и продолжуваш понатаму. Тоа ќе те однесе до следниот успех.
Навистина, мислам дека кога ќе стигнеш до моја возраст, сфаќаш колку е важно да бидеш опкружен со луѓето што ги познаваш, што ги сакаш и што те сакаат.

Пријатели, семејство и тоа е тоа. Од таму можеме да создаваме работи. Мислам дека тоа е прилично едноставна равенка.
Мојот приватен живот секогаш е во вестите. Веќе 30 години е во вестите... Или некоја верзија од мојот приватен живот, ајде така да кажеме“.




Инаку, Бред Пит ужива во врската со дизајнерката на накит Инес де Рамон (32). Со неа актерот се состанува од крајот на 2022 година.


