Џеси Џеј со солзи во очи вети дека ќе го победи ракот, на последниот концерт пред операција – емотивна и борбена во исто време (видео)
- Детали
- понеделник, 16 јуни 2025
„Денес, овој настап ми е последен пред да одам да го победам ракот на гради. Па затоа, немате претстава колку е ова посебно за мене“ - рече пејачката која две недели по откривањето на дијагнозата, храбра како лавица го одржа концертот со борбен став.

Џеси Џеј, пред речиси 2 недели откри дека ѝ е дијагностициран рак на градите.
Веста за дијагнозата таа ја сподели во Инстаграм видео, а иако првично сакала да ја чува во тајност, сепак се решила да биде искрена, бидејќи отсекогаш била отворена личност.
Тогаш таа малку и се пошегува на своја сметка, кога рече дека летово накратко ќе исчезне за да направи операција, а потоа ќе се врати со големи гради и нова музика.

Викендов, 37-годишната пејачка, настапи на стадионот Вембли и откри дека ова ѝ е последно шоу во живо пред да оди на операција.
Облечена во бел фустан и штикли, со насмевка на лицето, таа пеејќи го остави срцето пред 75.000 обожаватели и покажа дека ќе се бори до последно како лавица и нема да се откаже.

Накратко се обрати до публиката и своите фанови и даде заклетва дека ќе го победи ракот.
Со солзи во очите кои постојано ги враќаше наназад, пред да ја отпее нејзината омилена песна, Џеси Џеј рече:
„Денес, овој настап ми е последен пред да одам да го победам ракот на гради. Па затоа, немате претстава колку е ова посебно за мене.
Многу сум горда што сум од Велика Британија, што сум искрена личност. Ова е мој последен настап пред да одам на операција и на сите работи што следат.

Многу сум благодарна за животот, за вас, за мојата кариера, за мојот син, мојот партнер и моите родители, за моето семејство, мојот бенд, мојата екипа.
Многу сме среќни, имаме многу за што да живееме, толку многу радости, толку многу работи што треба да ги направиме“.
Кликнете на видеото од емотивниот говор:
Кликнете на видеото за да погледнете дел од нејзиниот последен настап пред операцијата:
М. М. | Црнобело
