Чувал девојки како робинки, ги изгладнувал и ги присилувал на оргии: Кој е раперот Р. Кели, што се предозира во затвор?

Уште едно апсење за експлоатација на дете

Додека надлежните работеа на случајот со детската порнографија, Р. Кели се соочи со уште една слична тужба – продуцирање фотографии на кои прикажува сексуално насилство врз дете.

Раперот беше уапсен во неговиот дом, но подоцна обвиненијата беа отфрлени бидејќи полицијата, наводно, немала доволно докази за да упадне во неговиот дом.

chuval-devojki-kako-robinki-gi-izgladnuval-i-gi-prisiluval-na-orgii-koj-e-raperot-r-keli-koj-se-predozira-vo-zatvor-09.JPG

Обвиненија за секс култ

Во 2017 година, Buzzfeed објави колумна во која тврди дека Р. Кели има заробено шест жени во неговиот дом кои ги чува како сексуални робинки.

Ова биле млади жени на кои раперот им ветувал дека ќе им помогне со нивните музички кариери. Ги заведувал, но потоа ги затворил во неговиот дом.

Според колумната, тој контролирал што јадат, како се облекуваат, кога се тушираат, кога спијат… Притоа, ги терал и да имаат сексуални односи со него (и со други) додека тој снима.

Раперот им ги одзел и мобилните телефони и сите електронски уреди, со цел да ги изолира од светот, а истовремено и им се заканувал.

Како извори во колумната, Buzzfeed наведува поранешни вработени на раперот, како и родителите на дел од девојките.

chuval-devojki-kako-robinki-gi-izgladnuval-i-gi-prisiluval-na-orgii-koj-e-raperot-r-keli-koj-se-predozira-vo-zatvor-08.JPG

Други жртви на раперот излегоа во јавност

По колумната на Buzzfeed, неколку жени се охрабрија да ги споделат своите вознемирувачки искуства со раперот.

Една жена откри дека тој ја терал да имаат секс додека била малолетна. Друга изјави дека ја држел заробена во неговиот дом, ја изгладнувал и ја присилувал на секс со други жени, како и дека ја тепал.

Поранешна вработена на Р Кели откри дека некогаш раперот ја терал да бара „млади и убави девојки“ кога оделе на забави, со цел да спие со нив.

chuval-devojki-kako-robinki-gi-izgladnuval-i-gi-prisiluval-na-orgii-koj-e-raperot-r-keli-koj-se-predozira-vo-zatvor-07.JPG

Документарец за раперот поттикна истрага

Во 2019 година беше издаден документарецот Surviving R. Kelly кој се фокусира на обвиненијата за силување и принудна проституција на раперот.

Според сведоштвата на жртвите, раперот ги чувал „затворени како кучиња“, а ги терал да го молат за храна и за дa одат во тоалет.

Сите обвиненија што беа спомнати претходно беа детално опишани, по што случајот почна да го привлекува вниманието на јавноста, но и на надлежните.

Само две недели по премиерата на документарецот, низа музичари, вклучувајќи ја и Лејди Гага, ја прекинаа соработката со раперот, а беа откажани и негови концерти.

Започна и истрага, при која беше најдено и видео на кое раперот има однос со 14-годишно девојче, а неколку недели подоцна тој беше уапсен и обвинет за сексуална злоупотреба.

Потоа доби уште неколку обвиненија за сексуална злоупотреба на деца на возраст од 13 до 16 години.

chuval-devojki-kako-robinki-gi-izgladnuval-i-gi-prisiluval-na-orgii-koj-e-raperot-r-keli-koj-se-predozira-vo-zatvor-06.JPG

Добри 30-годишна затворска казна

Во 2022 година, Р. Кели беше осуден на 30 години затвор за сексуална трговија и рекет. Следната доби уште 20 години за детска порнографија.

Но, 19 години од првата казна ќе ги отслужува паралелно со првичната, што значи ќе помине вкупно 31 година зад решетки.

Се очекува да биде ослободен во 2045 година.

chuval-devojki-kako-robinki-gi-izgladnuval-i-gi-prisiluval-na-orgii-koj-e-raperot-r-keli-koj-se-predozira-vo-zatvor-3.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Имал афери со мажи, добил 11 деца од неколку жени: Бурниот љубовен живот на Марлон Брандо Марлон Брандо се венчал трипати, а додека бил во брак, секогаш имал и љубовници....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg