„Правеше забави со малолетнички – имаше по 60 девојки за 3-4 мажи“: Детали за обвиненијата против Џаред Лето
Друга жена имала слично искуство во 2008-ма, кога имала 16 години. Џаред ја забележал на настан и ѝ го побарал бројот.
„Ме праша колку години имам. Му реков 16, па го прашав колку години има тој. Тогаш имаше 36, но сепак ми го побара бројот“.
Почнале да се допишуваат и неколку месеци подоцна ја поканил во неговото студио. Тој период, девојката пробувала да се пробие како модел, па мислела дека познанството со Џаред може да ѝ биде од помош.
„Кога отидов, како да си играше со мене. Флертуваше, многу ќе ми се доближеше, па ќе се тргнеше, Како да целата ситуација да е игра“.
Девојката отишла во неговото студио уште неколкупати, а еднаш тој ја пречекал гол.
„Само се појави гол, без ништо на себе, како тоа да е најнормално нешто. Тогаш имав 17 години и не знаев што се случува, помислив дека возрасните мажи се однесуваат така“.
Друга жена, која била на возраст помеѓу 17 и 18 години, раскажува слично искуство – Џаред ѝ побарал телефон, почнал да ѝ пишува и да ѝ се јавува, но и да ја кани кај него на гости.
Кога еднаш го посетила, тој пробал да ја присили на орален секс.
„Седевме кај него и одеднаш се соблече и почна да мастурбира. Потоа дојде до мене, ми ја фати раката и ми ја стави на неговиот полов орган“.
Покрај ваквите инциденти, Џаред организирал и забави во неговиот дом и барал млади девојки, главно малолетни, за да присуствуваат.
Девојките ги барал преку агенции за модели, но некогаш им приоѓал и самиот - како што поканил една од жените кои сведочеле за колумната.
Една од жените со коишто разговарала новинарката присуствувала на неколку вакви забави во 2007 и 2008 година. Таа сакала да земе и пријателка со себе и Џаред ја натерал прво да ѝ прати фотографија од неа.
„Правилото му беше дека на забавата можат да присуствуваат само ’слатки девојки‘. Имав 18 години и кога отидов на забавата, дефинитивно не бев најмладата девојка таму. Имаше 60-тина многу млади девојки и само четири, пет мажи.
Пробуваа да ги натераат девојките да влезат во базенот. Џаред се држеше настрана и како да сакаше да контролира што се случува“.
Претходно, жена го има обвинето Џаред за силување. Кога имала 17 години, била на негов концерт и отишла во бекстејџ за да го запознае, но пејачот ја силувал.
„Бев нападната и трауматизирана од него кога имав 17 години. Ја знаеше мојата возраст, но не му беше гајле. Тој е предатор и страшна личност“.
Подоцна жената откри дека добила пораки од многу други жртви на пејачот и сите раскажувале слични приказни. Некои извори велат дека однесувањето на Џаред е јавна тајна во Холивуд.
Кратко по колумната на Air Mail, се огласи портпаролот на Џаред кој ги негираше сите обвиненија.
Засега жените кои ги споделија своите искуства немаат поднесено тужба и не е познато дали планираат да почнат судска битка против актерот.
Ниту жените кои претходно тврделе дека биле жртви на пејачот го немаат тужено.
Спирова С. | Црнобело
