Сара Џесика Паркер за навредите дека е грда и непривлечна: „Се чувствував како некој да ми удрил бокс, плачев“
- Детали
- понеделник, 23 јуни 2025
Во неодамнешно гостување во емисија, Сара Џесика Паркер се присети на периодот кога почнала да се соочува со навреди на сметка на нејзиниот изглед. Вели дека како секој актер, очекувала коментари за нејзината глума, но не и за изгледот, па долг период дури и плачела кога ги читала навредите.

„Сексот и градот“ е една од најпопуларните серии кои се емитувале, а за ова, секако, должни се и актерките во главните улоги.
Од нив, дефинитивно најпозната е Сара Џесика Паркер, која со текот на времето го стекна и епитетот модна икона – исто како ликот што го глуми во култната серија.
Но, во периодот кога го достигнуваше врвот и многу девојки и жени сонуваа да бидат како неа, Сара се соочуваше и со мошне лоши критики за нејзиниот изглед.
Во доцните 1990-ти и раните 2000-ти немаше социјални мрежи, па критиките за актерката доаѓаа од американските таблоиди што ги читаа сите.
Ја нарекуваа грда и што уште не, а сега, во емотивно интервју, таа искрено зборуваше за болката што ѝ ја предизвикале сите овие навреди.
„Серијата дефинитивно беше тест за мојата способност да се справам со тешки ситуации бидејќи не бев подготвена за јавните коментари. И, мислам дека некогаш беа многу непријатни, кога си кажуваа мислење кое не беше поврзано со работата (глумата и серијата)“, раскажува актерка во емисијата Call Her Daddy.
Актерка истакнува дека добивала критики за серијата и ликот што го глуми, но дека тоа е очекувано за секој актер. Некои ќе го пофалат, некои ќе го критикуваат.
Но, кога почнало да се дискутира за нејзиниот изглед, Сара не знаела како да реагира и ѝ требало време научи како да се справува со критиките.
„Не бев подготвена за личните коментари. Мислев дека сум самоуверена личност, но навредите и критиките навистина ја ставија мојата самодоверба на тест. Дотогаш, ништо не се зборуваше за мене, освен за мојата работа.
Но, најтешко ми беше да се справам со коментарите за мојот физички изглед. Тоа беа работи што не можев да ги променам, што не би сакала да ги променам. Работи што никогаш не сум ни помислила да ги променам“.