Сара Џесика Паркер за навредите дека е грда и непривлечна: „Се чувствував како некој да ми удрил бокс, плачев“

Актерката вели дека додека критиките за нејзината глума ја терале да се подобри, критиките за изгледот биле непродуктивни и само делувале злобно. Притоа, не знаела како да одговори на нив.

sara-dzhesika-parker-niz-solzi-zboruva-za-navredite-deka-e-grda-i-neprivlechna-se-chuvstvuvav-kako-nekoj-da-mi-udril-boks-3.JPG

Сара откри дека добивала навреди и од професионалци од индустријата, како и дека честопати плачела поради критиките за изгледот.

„Мислам дека не можев да поднесам да отидам некаде и некој да ми рече ’Воопшто не си привлечна‘, па јас да му речам ’Прво, не е лесно да се слушне тоа, но второ, зошто си гневен? Зошто мислиш дека треба да го кажеш тоа?‘

Овие коментари ми беа како некој да му удрил бокс. Само си мислев зошто мојот изглед е проблем? Зошто луѓето се среќни кога го коментираат?“

sara-dzhesika-parker-niz-solzi-zboruva-za-navredite-deka-e-grda-i-neprivlechna-se-chuvstvuvav-kako-nekoj-da-mi-udril-boks-6.JPG

Актерката и претходно се има огласено за некои злобни коментари.

Во 2007 година, списанието Maxim ја прогласи за „најнесекси жена“. Следната година, актерката во интервју зборуваше за навредливото издание на магазинот:

„Прво нешто што помислив е дека беше лично. Како да сакале да покажат дека не ме сакаат. Кои биле судиите и критичарите за ’признанието‘?

Би сакал да ги прашам ’Што е тоа ме прави толку несекси? Дали е моето тело? Дали можеби мојот мозок ви пречи?‘“

sara-dzhesika-parker-niz-solzi-zboruva-za-navredite-deka-e-grda-i-neprivlechna-se-chuvstvuvav-kako-nekoj-da-mi-udril-boks-4.JPG

Во друго интервју, таа изјави дека било брутално што некој се осмелил да ѝ го додели епитетот, како и дека и нејзиниот сопруг Метју Бродерик бил разочаран.

„Беше шок, лудо е. Но, што можам да направам? Не можам да им удоволам на сите“.

sara-dzhesika-parker-niz-solzi-zboruva-za-navredite-deka-e-grda-i-neprivlechna-se-chuvstvuvav-kako-nekoj-da-mi-udril-boks-02.JPG

Пред неколку години, таа се огласи и за критиките за нејзината седа коса, истакнувајќи дека ова е проблем со кој се соочуваат само жените.

Покрај Сара, и колешките од „Сексот и градот“ беа критикувани дека изгледале „остарено“.

„Има многу мизогинистички коментари што никогаш не би му биле упатени на маж. Ми ја критикуваа побелената коса додека седев до Енди Коен, а нему целата коса му е побелена! Зошто е во ред за него, а не за мене?

Ми се чини дека луѓето не сакаат да се сакаме себеси, без разлика дали ќе одбереме да старееме природно или ќе направиме (корекција) за да се чувствуваме убаво.

Јас знам како изгледам. И, немам избор. Што да правам за изгледот? Да престанам да стареам? Да исчезнам?“

sara-dzhesika-parker-niz-solzi-zboruva-za-navredite-deka-e-grda-i-neprivlechna-se-chuvstvuvav-kako-nekoj-da-mi-udril-boks-07.JPG

Иако во минатото навредите можеби ѝ влијаеле на самодовербата, денес Сара Џесика Паркер е самоуверена жена која бројни помлади жени ја гледаат како идол.

Прочитајте и: Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Како Ен Хетавеј стана „најомразената жена во Холивуд“? „Проблемот со Ен е тоа што ако ѝ се доаѓате, тогаш е супер. Ако не ѝ се допаѓате...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
„Таа е магионичар, блескам заради неа“ – Ева Лонгорија (50) за српската докторка во Дубаи која ја од... „Кога одам кај неа, излегувам здрава и блескава“ – вели Ева Лонгорија за српскат...

Најчитани неделава