„Дали ова е втор дел од порно снимката?“ – Ким Кардашијан ги збуни фановите со разголени фотки и провокативни пози
- Детали
- недела, 22 јуни 2025
„Се врати на корените од каде што почна“, „Ова ми личи на една добропозната снимка“ – се дел од коментарите на новата чудна фотосесија која ја објави Ким, каде позира разголено и провокативно, а сцените во кревет наликуваат на снимката за возрасни која ја прослави.

Пред неколку дена, Ким Кардашијан објави нова фотосесија, на која носеше масивен светкав накит и речиси ништо друго, освен бикини.

Веројатно станува збор за промотивна кампања, но ги збуни фановите со лошиот квалитет на фотографиите, направени во растурени чаршафи на кревет, со провокативни пози, кои ги потсетија на нејзината добропозната снимка.

44-годишната ријалити ѕвезда во описот на фотографиите напиша: „2 часот по полноќ, по временската зона во Њујорк“, а потоа објави и видео со цел да го промовира накитот.
Дел од коментарите на фановите гласат:
„Мислев дека ова е втор дел од видеото што го направи тогаш“.
„Ми се допаѓа што се навраќаш на корените“.
„Ова ме потсети на една ера, кога сè започна“.

Нејзината секс-снимка протече во јавност во 2007-ма година, а таа за тоа го обвини нејзиниот тогашен дечко, иако јавноста верува дека нејзината мајка го направила истото, за да ја прослави преку ноќ.
Тогаш Ким имаше 27 години, но снимката наводно била направена на патување во 2003-та, кога таа го славела 23-иот роденден.

Прочитајте и Бившиот на Ким Кардашијан со изјави за секс-снимката: „Мајка ѝ ја објави, сакаше Ким да биде славна како Парис Хилтон“
Инаку, деновиве таа беше во фокусот на светските медиуми поради гласините за можна операција, со оглед на тоа што на последните појавувања во јавност изгледала послабо и со многу потенка половина.


Повеќе фотки од новата фотосесија:






М. М. | Црнобело