Бред Пит го избегнува бакнежот на девојка му Инес на премиера: „Врската им е лажна, сè е само глума“ (видео)
Некои велат дека целото појавување на парот на црвениот тепих делувало премногу како глума, особено кога ќе се земе предвид дека досега и двајцата избегнуваа бакнежи и прегратки во јавност.
Никој не открива зошто Бред би ја лажирал врската со Инес, но извори блиски до актерот велат дека тој е навистина среќен со неа. Односно дека воопшто не е точно дека нивната врска е лажна.
„Бред сака кога Инес е покрај него. Не прави драма, го поддржува и одлично им оди заедно. Таа е совршена за него“, вели извори за магазинот People.
Друг извор открива и зошто баш сега решиле да почнат да се појавуваат заедно на вакви настани, па дури и да споделуваат бакнежи и прегратки пред камерите.
Според изворот на Daily Mail, причината е брендот за накит што го поседува Инес.
Имено, Инес сметала дека ако почне да се фали со врската со актерот, тоа ќе се одрази на нејзината репутација приватно, вклучително и на нејзиниот бренд.
„На почетокот, Инес одвиваше да го придружува на важни настани бидејќи не сакаше да ја гледаат како некоја жена што е само минлив дел од животот на славна личност. Не сакаше јавноста да се меша во нејзиниот приватен живот.
Но, сега нивната врска е многу стабилна. Сега Инес со задоволство го придружува на црвен тепих бидејќи го сака и го поддржува во сè“.
Инес е меѓу раководителите на брендот Anita Ko Jewelry од 2020 година, а нејзини клиенти се некои од најпознатите луѓе во светот, како Кортни Кардашијан и Хејли Бибер.
Па, изворот вели дека Инес би сакала да биде препознатлива по својата работа, а не само како девојка на Бред.
Изворот додава и дека Бред е многу горд на неа.
„Инес навистина има постигнато многу и сега излезе од својата школката и стана сензација на црвениот тепих. Бред е горд на неа“.
За потсетување, Бред и Инес првпат беа забележани заедно во ноември 2022-ра, а во 2024-та се дозна дека веќе и живееле заедно.
Првото заедничко појавување на настан им беше во јули 2024-та, на премиерата на филмот Wolfs во кој глуми Бред Пит.
Претходно, повторно за Daily Mail, друг извор сподели дека иако се среќни, не планираат да се венчаат.
„Бред е многу вљубен во Инес, но не сака брак и деца со неа. Лошо изгоре во разводот со Анџелина и неговите деца речиси и да не го сакаат. Има 61 година и задоволен е од животот каков што му е сега“.
Прочитајте и: Бред Пит докажува дека 60-тите се новите 30-ти - Му годи младата девојка (32), Џоли ја нарекува „грешка од минатото“
Спирова С. | Црнобело
