Нова тужба за Пи Диди - за групно силување на девојка заедно со неговиот син Џастин
Во еден момент, според нејзиното тврдење, Џастин ѝ понудил алкохол, апчиња и марихуана, за која верувала дека била измешана со нешто друго.
По земањето на супстанциите, жената вели дека пристигнале тројца мажи со маски, еден од кои бил Диди. Таа тврди дека го препознала по „манирите“ и дека Џастин го нарекол „тато“.

Жената била однесена во спална соба и ѝ било кажано: „Подобро дозволи да се случи ова. Инаку...“
Жената тврди дека мажите се ределе и ја силувале, а „бруталното групно силување“ траело од сабота навечер до недела попладне. Во понеделник била однесена на аеродром.

Адвокат на Диди ги негираше обвинувањата, изјавувајќи:
„Без разлика колку тужби ќе се поднесат, тоа нема да ја промени вистината - дека господин Комбс никогаш не силувал или сексуално експлоатирал некого, без разлика дали станува збор за маж или жена, полнолетен или малолетен.
Живееме во свет каде секој може да поднесе тужба за што било. За среќа, постои праведен судски систем што ја открива вистината и господин Комбс е уверен дека ќе излезе како победник на суд“.
Инаку, Диди моментално е среде судење за сексуална трговија со луѓе.

Прочитајте и Бивша на Диди сведочеше за развратните забави: „Повраќав бидејќи ми се гадеше од мене, го молев да престанеме“
С. С. | Црнобело
