Бивша на Диди сведочеше за развратните забави: „Повраќав бидејќи ми се гадеше од мене, го молев да престанеме“
- Детали
- вторник, 10 јуни 2025
Сведоштвото на поранешна девојка на Пи Диди премногу потсетува на она што го кажа Кеси Вентура – ја терал да спие со машки проститутки, но и порно ѕвезди поради што често имала уринарни инфекции, постојано ја малтретирал и можел да ја контролира бидејќи ја направил финансиски зависна од него.

На судењето на Пи Диди сведочеше уште една негова поранешна девојка, чиј идентитет не е познат во јавност.
Со потресни сведоштва кои премногу наликуваат на оние на Кеси Вентура, девојката опиша низ каков пекол поминала додека се гледала со Диди.
Тие биле заедно од 2021 до 2024 година, иако овој период раскинувале неколкупати. Девојката кажа дека на почетокот Диди ја опсипувал со љубов, внимание и подароци, па затоа и помислила дека ја сака и дека ќе имаат нормална романтична врска.
Но, исто како Кеси, по некое време и таа била принудувана да има односи со други мажи, а била и физички и сексуално малтретирана од музичарот.
Таа сведочеше вчера (09.06) и побара да остане анонимна, односно нејзиниот идентитет е познат само на оние кои се во судницата.
Што откри анонимната поранешна девојка на Пи Диди?
За време на сведочењето на девојката, беа прикажани неколку пораки во кои таа го моли Диди да престане да ја присилува да биде дел од секс забавите.
Во пораките, таа му кажува на Диди дека веќе ѝ се гадело од себе бидејќи цели три години ја притискал да има секс со други мажи.
„Изморена сум. Јас не сум порно ѕвезда. Јас не сум животно“, му напишала на музичарот.
Слично како Кеси, и таа користела разни видови дрога бидејќи забавите траеле и по неколку денови.
Поради сето ова, трпела последици и по физичкото, и по психичкото здравје – покрај депресијата, па и желбата за самоубиство, и таа страдала од уринарни инфекции.
А, Диди ја терал да учествува на забавите дури и кога имала инфекција.
Покрај тоа, постојано имала болки во грбот, но и во гениталиите и долниот дел од стомакот поради грубиот секс.
Девојката зборуваше за една од овие забави, кога Диди ја натерал да има секс со тројца различни мажи, а потоа и со него.
За оваа ноќ вели дека била една од најодвратните, па дури и повратила. Но, Диди ја натерал да продолжат.
Кога дознала за тужбата на Кеси Вентура, вели дека се чувствувала како да чита за себе. Кеси ја поднесе тужбата во 2023 година.
