Бивша на Диди сведочеше за развратните забави: „Повраќав бидејќи ми се гадеше од мене, го молев да престанеме“
„Речиси изгубив свест, всушност, мислам и дека се онесвестив. Имаше некои работи кои беа премногу слични до она што ми се случуваше мене.
Се чувствував како да читам за мојата сексуална траума. Не можев да спијам. Читав и бев како во кошмар. Не ми се веруваше. Ја читав мојата приказна“.
Девојката вели дека ја сретнала Кеси само еднаш во животот, во 2015-та, но тогаш не ни разговарале.
Диди многупати физички ја нападнал девојката додека биле заедно. Тие биле заедно кога во јавност се појави видеото во кое Диди ја напаѓа Кеси во хотел.
Музичарот јавно се извини за видеото, но девојката вели дека само неколку денови подоцна, Диди ја истепал.
Девојката признава дека таа го нападнала прва откако почнале да се расправаат за другите девојки на Диди.
„Тој се наведна и јас му ја удрив главата од масата. Почнав да фрлам со свеќи, со чаши. Бев гневна. Гневот ми беше насобран од сè што се случуваше и го мразев. Му кажував дека го мразам…
Шон ме клоцна по ногата и паднав на земјата. Ме фати за врат и ме подигна од земјата. Не можев да дишам, пробував да го допрам подот со прстите“.
Физичките пресметки не биле реткост, но и по ваквите инциденти, Диди ја терал девојката да учествува во забавите.
Минатото лето, Диди ѝ направил модринки на лицето, по што ја натерал да облече „долна облека и штикли“, а најмил и проститутка.
„Ми рече дека нема да ја завршиме ноќта така. Дека нема јас да му ја уништам вечерта“, вели девојката.
Девојката вели дека била заробена во врската бидејќи Диди плаќал за нејзиниот дом и станала финансиски зависна од него, а тој максимално го злоупотребувал ова.
Во јуни 2024-та, тој ѝ рекол дека повеќе нема да бидат заедно.
„Му кажав дека се чувствувам одвратно во моето тело, ужасно. Тој се разгневи и ми рече дека секоја моја надеж да бидеме во врска е умрена. Ми рече дека сум к***а.
Си заминав од куќата за којашто плаќаше тој. Тој продолжуваше да ги кажува овие лоши работи, дека сум ужасна“.
Кратко потоа Диди беше уапсен, а девојката вели дека добила покана да се појави на суд во април годинава.
Судењето на музичарот почна во мај годинава, а се очекува да трае десет недели.
Прочитајте и: „Ми кажуваше што да правам со Кеси, додека тој нè гледаше и се допираше“: Нови сведоштва на судењето на Пи Диди
Спирова С. | Црнобело
