Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Ми кажуваше што да правам со Кеси, додека тој нè гледаше и се допираше“: Нови сведоштва на судењето на Пи Диди

Досега, вкупно 16 лица имаат сведочено во случајот против Пи Диди. Мајка ѝ на Кеси Вентура зборуваше за повредите на ќерка ѝ, додека двајца мажи кои работеле како проститутки кажаа што се случувало на средбите со Диди и девојка му, како и дека им изгледало дека е присилена да има секс со нив.

mi-kazhuvashe-shto-da-pravam-so-kesi-dodeka-toj-ne-gledashe-i-se-dopirashe-novi-svedoshtva-na-sudenjeto-na-pi-didi-01.jpg

Судењето на музичарот и продуцент Пи Диди почна пред околу две недели, а досега во судница се имаат појавено вкупно 16 сведоци.

Покрај поранешната девојка на Диди – Кеси Вентура – сведочеше нејзината мајка, маж кој работел како ескорт и бил најмуван од музичарот, како и неколку негови соработници.

Досега, сведочењата на Кеси беа најпотресни бидејќи цела деценија таа била жртва на Диди. Покрај физичкото насилство, била принудувана на секс со други мажи, поради што трпела последици по менталното, но и физичкото здравје.

mi-kazhuvashe-shto-da-pravam-so-kesi-dodeka-toj-ne-gledashe-i-se-dopirashe-novi-svedoshtva-na-sudenjeto-na-pi-didi-11.JPG

Кои се луѓето што досега имаат сведочено?

Израел Флорез, обезбедување во хотел

Првиот сведок беше обезбедувањето од хотелот каде Кеси Вентура беше нападната од Диди во 2016 година. Нападот беше снимен на безбедносните камери, а Израел Флорез бил тој кој ја презел снимката, со што понуди цврст доказ во случајот.

Тој кажа дека раперот му понудил пари за да молчи за инцидентот.

Даниел Филип, машки ескорт

Вториот сведок беше Даниел Филип, машки ескорт кој присуствувал на секс забавите на Диди.

Сведокот кажа дека на забавите Диди го терал да има односи со Кеси додека тој ги гледа, а добивал и до 6.000 долари за да присуствува.

Исто така, Даниел раскажа неколку ситуации во кои Диди физички ја нападнал Кеси, а тој бил сведок.

mi-kazhuvashe-shto-da-pravam-so-kesi-dodeka-toj-ne-gledashe-i-se-dopirashe-novi-svedoshtva-na-sudenjeto-na-pi-didi-10.JPG

Кеси Вентура, поранешната девојка на Диди

Најпотресно беше сведочењето на Кеси, која детално опиша низ што поминала во десетте години додека беше со раперот. Таа откри детали за забавите, но и за насилството што го трпела од него.

Прочитајте и: „Постојано имав инфекции од развратните забави, ме силуваше кога му раскинав“: Второ вознемирувачко сведоштво на бившата на Пи Диди

Јасмин Бинда, агент во Homeland Security

Јасмин Бинда сведочеше за пребарувањето на хотелската соба на Диди, кратко по неговото апсење во септември 2024 година.

Во судницата таа кажа дека биле пронајдени 9.000 долари во кеш, супстанци како кетамин, како и лубриканти и бебешко масло – нешто за коешто другите сведоци кажаа дека се користело во огромни количини за време на секс забавите.

За време на нејзиното судење, беа покажани и фотографии од хотелската соба на Диди.

mi-kazhuvashe-shto-da-pravam-so-kesi-dodeka-toj-ne-gledashe-i-se-dopirashe-novi-svedoshtva-na-sudenjeto-na-pi-didi-07.JPG

Дон Ричард, поранешна членка на групата Danity Kane

Групата Danity Kane, а со тоа и пејачката Дон Ричард, соработуваа со продукциската куќа на Диди.

За време на судењето, пејачката кажа дека таа сведочела на неколку физички напади на Кеси од страна на Диди. Дон Ричард опиша ситуација од 2009 година, кога Диди станал насилен додека Кеси му правела појадок.

„Се симна по скалите гневен и прашуваше каде му е појадокот. Ѝ викаше на Кеси дека не знае да прави ништо, ја прашуваше каде му е храната, потоа дојде до неа, ја зеде тавата во која Кеси пржеше јајца и проба да ја удри, а Кеси падна на земјата“.

Таа откри и дека Диди ѝ удрил бокс на Кеси непосредно пред музички фестивал, па таа ги криела модринките со големи очила за сонце.

Според Дон Ричард, насилството се случувало и на јавни места – во една пригода ѝ удрил бокс во стомакот додека биле на вечера со пејачите Ашер и Ne-Yo.

mi-kazhuvashe-shto-da-pravam-so-kesi-dodeka-toj-ne-gledashe-i-se-dopirashe-novi-svedoshtva-na-sudenjeto-na-pi-didi-02.JPG

Кери Морган, поранешна пријателка на Кеси

Кери Морган раскажа две ситуации во кои Диди ја нападнал Кеси, а таа самата била сведок – еднаш кога ја удрил во неговиот дом во Холивуд, како и еднаш за време на патување во Јамајка.

„Слушнав викање и истрчав по ходникот. Викањето доаѓаше од главната спална соба и Диди ја влечеше Кеси за коса“, раскажа Кери за патувањето во Јамајка.

Истите инциденти ги раскажа и Кеси.

mi-kazhuvashe-shto-da-pravam-so-kesi-dodeka-toj-ne-gledashe-i-se-dopirashe-novi-svedoshtva-na-sudenjeto-na-pi-didi-2.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Син му е обвинет за силување девојка со негова помош – Кои се 7-те деца на Пи Диди кои ги има од 4 ж... Едниот од синовите на Пи Диди, Кристијан, беше забележан во ноќен клуб само два ...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg