„Ми кажуваше што да правам со Кеси, додека тој нè гледаше и се допираше“: Нови сведоштва на судењето на Пи Диди
Дејвид Џејмс, поранешен личен асистент на Диди
Дејвид Џејмс го опиша мигот кога отишол во продукциската куќа на Диди на интервју за работа, каде го пречекале со зборовите:
„Ова е кралството на господин Комбс. Ние сме овде да му служиме“.
Дејвид Џејмс зборуваш за обврските што ги добивал од Диди – да ги опреми хотелските соби за забавите, да купува дрога, но и да му биде личен шофер на музичарот.
Си дал отказ бидејќи сфатил дека Диди е опасна личност која може да му го загрози животот.
Реџина Вентура, мајка ѝ на Кеси Вентура
Мајка ѝ на Кеси откри дека извадила огромен кредит за да му плати на Диди да не ги објавува секс снимките од ќерка ѝ.
Кеси ѝ кажала за снимките, како и за заканите што ги добивала од Диди дека ќе ги објави.
„Ми се згади. Не разбирав што се случува. Не очекував да слушнам нешто за секс снимки. Не го познавав Диди, но знаев дека ќе сака да ја повреди ќерка ми“.
Реџина и сопругот му испратиле 20.000 долари на Диди, но тој подоцна им ги вратил парите. Реџина исто така ги фотографирала повредите на ќерка ѝ, а фотографиите беа покажани во судница.
Шарај Хејес, машки ескорт
Шарај откри дека Диди го најмил десетина пати, првпат во 2012-та за роденденска забава на музичарот.
Забавата се одржала во хотелот во кулата Трамп во Менхетн, а кога пристигнал, Кеси му рекла да се намачка со бебешко масло, додека Диди гледал.
„Ми беше наредено да не гледам во него. Меѓу нас да нема никаква комуникација. Собата беше слабо осветлена.
Целиот мебел беше покриен со чаршафи и имаше место каде што јас требаше да седам, а таа (Кеси) да седи спроти мене. Имаше и мали садови полни со бебешко масло“.
Тој изјави дека во некои мигови му изгледало како Кеси да го право сето ова против своја волја, односно дека била присилена.
Џералд Ганон, агент од Homeland Security
Агентот Џералд Ганон бил дел од единицата која го пребаруваше домот на Диди. Тој сподели дека нашол оружје, долна облека, секс играчки и слична „опрема“ за забавите на Диди.
Биле најдени и големи количини дога, како марихуана и разни опијати кои жените биле присилени да ги пијат за време на забавите.
Дон Хјуз, психолог
Дон Хјуз се појави како сведок експерт кој зборуваше за психичката состојба на жртвите на насилство.
Тој не ја анализираше врската на Кеси и Диди, туку на поротата ѝ разјасни некои работи околу тоа зошто жртвите се плашат да го остават насилникот.
Џорџ Каплан, поранешен личен асистент на Диди
Џорџ Каплан самиот бил вклучен во криминал покрај Диди, па се огласи да сведочи во замена за имунитет.
Тој работел за Диди само 15 месеци, а си заминал бидејќи постојано морал да ги средува конфликтите што Диди ги создавал со насилните испади.
Џорџ сведочеше дека ја има видено Кеси расплакана и со модринки во креветот од спалната, гледал како Диди ја удира и ѝ се заканува. Изјави и дека се кае бидејќи не презел ништо.
Џорџ имал задача и да ги подготвува и чисти хотелските соби за забавите.
Скот Мескуди, музичар и актер
Скот Мескуди, попознат како Kid Cudi, имал кратка врска со кеси Вентура во период кога таа и Диди биле разделени, односно во 2011 година
Но, Скот вели дека постојано добивал закани од Диди, по што со Кеси одлучиле да раскинат. Во една пригода, Диди упаднал во неговиот дом, па дури и му го запалил автомобилот.
Во своето сведочење, и Кеси ја спомна врската со Скот истакнувајќи дека Диди ѝ нејзе ѝ се заканувал дека ќе му го запали автомобилот.
Мајла Моралес, мејкап артистка
Мајла Моралес сведочеше за инцидент од 2010 година, кога Диди ја нападнал Кеси во нивна хотелска соба. Наводно, Диди насилно влегол во собата ѝ ја прашал Мајла каде е Кеси.
Кеси била во спалната и откако Диди влегол и ја затворил вратата, Мајла слушнала „викање на цел глас“. Штом Диди ја напуштил собата, Мајла забелеал дека Кеси имала потечено око, рана на устата и отоци на главата.
Мајла повикала пријател кој бил доктор и ја советувал Кеси да оди во брза помош, но таа одбила.
Фредерик Земоур, хотелски менаџер
Фредерик е менаџер на еден од хотелите што ги посетувал Диди и в кои ги организирал своите забави. Вели дека не сведочел на забавите, но забележувал знаци во собите по престојот на Диди:
„Имаше восок од свеќи насекаде, како и многу бебешко масло“.
Џошуа Крофт, агент од Homeland Security
Агентот Џошуа Крофт сведочеше за електронските уреди што биле најдени за време на истрагата. Во еден од лаптопите на Кеси, нашол доказ дека Диди некогаш користел псевдоним – Френк Блек.
Погледнете и: Девојки полиени со шампањ, недозволени супстанци – Фотографии од забавите на Пи Диди кои досега се откриени на судењето
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





