„Беше пекол“: Девојката на Круз Бекам емотивна по операцијата за сколиоза – ја покажа и лузната на грбот
- Детали
- понеделник, 07 јули 2025
По повод една година од операцијата на ’рбетот за сколиоза, девојката на Круз Бекам сподели емотивна објава во која ја покажа лузната и им се заблагодари на сите што ѝ помогнале да го надмине тешкиот период.

Девојката на Круз Бекам, Џеки Апостел, неодамна откри дека минатата година ѝ била направена операција за сколиоза.
Во емотивна Инстаграм објава, 30-годишната Џеки откри дека операцијата била „вистински пекол“, но и истакна дека саканите, вклучувајќи го и Круз, ѝ биле најголема поддршка.
Во објавата, Џеки сподели фотографија на која гордо ја покажува лузната на грбот, како и рендгенски снимки од нејзиниот ’рбет направени пред и по операцијата.
Џеки сподели и кратко видео од болница, на кое лежи свртена на страна и се гледа преврската на големата рана.
На неколку фотки, Џеки носи златен фустан, а една од сликите од неа е направена со вештачка интелигенција.
Сколиоза претставува искривување на ’рбетот обично во форма на буквата Ѕ или С. Покрај искривеноста, состојба предизвикува и непријатни симптоми, како болка и ограничување на движењето.
Операцијата за сколиоза, пак, е нарекувана една од најболните.
„Пред една година ми направија операција за сколиоза, па славиме со фустан и слика направена со вештачка интелигенција. Седам и размислувам за ова и, чудно, минатата година го почнав овој ден без никаков страв. Целосно си го измамив умот дека не е ништо страшно.
Двете недели потоа беа вистински пекол и мислам дека она што ми помогна да продолжам да се борам е тоа што имаше работи на кои сакав да им се вратам. Сакав да се вратам во студиото не повеќе од еден месец по операцијата. 25 дена подоцна, се вратив“.