Беше биполарна, живееше на улица и јадеше од контејнери, изврши самоубиство: Трагедиите на актерката Марго Кидер
Марго некако се справувала со нарушувањето, но во 1990-та животот ѝ тргнал во сосема друга насока.
Додека престојувала во Ванкувер за снимање, Марго доживеала сообраќајка. Од повредите била делумно парализирана и по две години ѝ направиле операција.
Но, додека закрепнувала, Марго останала без пари и банкротирала, а во меѓувреме станала зависна од лекови и алкохол.
Истовремено, во период од десетина години, Марго се венча и се разведе дури трипати.
„Немав никаква стабилност. Луѓето со психички проблеми како мене трошат многу пари, па немав финансиска сигурност. Покрај тоа, постојано менував сопрузи“.
Како банкротот и проблемите со зависност да не биле доволно, поради нарушувањето за кое не добивала соодветен третман, Марго почнала да губи допир со реалноста.
Самата има откриено дека почнала да верува дека нејзин поранешен сопруг соработува со ЦИА за да ја убие.
Поради паранојата и нерационалните мисли, во 1996-та Марго имаше и манична епизода во јавност – неколку дена спиела по паркови и јадела храна што ја барала по контејнери.
Нејзините блиски не знаеле каде е и ја пријавиле за исчезната.
Актерката била пронајдена неколку дена подоцна дезориентирана, со кратка коса и со облека што не била нејзина. Била валкана, а во полиција ја пријавил маж бидејќи упаднала во неговиот двор.
По инцидентот Марго помина краток период во ментална установа, а потоа даде емотивно интервју во кое зборуваше за своите проблеми.
Нејзиниот инцидент ја мотивира и да стане активист за зголемување на свесноста за проблемите со менталното здравје.
„Ако навлегувам во детали за петте денови што ги поминав низ улиците на Лос Анџелес, ќе треба да напишам цела книга. Бидејќи, кога некој има манична епизода, неговиот мозок како да забрзува бидејќи е преплавен со допамин.
Сè се случува толку брзо, што во тие пет дена, јас се чувствував како да сум преживеала пет години“, изјави Марго во интервјуто.
Сепак, неколку години подоцна Марго призна дека одбива третман за проблемите со менталното здравје.
„Во животот ги прифаќаш картите што ти се паднале, а јас се подобрив. Сега сум здрава – и физички и психички. Ни за пари не би отишла на психијатар. Престанав да одам и тоа беше мојот прв чекор кон оздравување“.
Марго веруваше дека здравата исхрана ѝ е доволно да се справи со симптомите на биполарното нарушување, но последните години од животот ѝ ги одбележаа дополнителни проблеми.
Во својот дом, Марго почнала да прима зависници од дрога бидејќи верувала дека може да ги излекува.
Но, според изјавите на нејзини пријатели, зависниците ѝ го окупирале, па дури почнале и да прават метамфетамин во нејзиниот подрум.
Ја ограбувале и во периодот од две години, соседите имале повикано полиција над 40 пати бидејќи зависниците им го попречувале мирот.
На 13-ти мај 2018 година, Марго беше пронајдена мртва во нејзиниот дом.
Актерката имаше 69 години, а обдукцијата покажа дека самата се предозирала со лекови и алкохол.
Прочитајте и: Мистериозно самоубиство, цел живот во количка: Проклетството што ги следи ѕвездите од франшизата „Супермен“
Спирова С. | Црнобело