Рис Витерспун се бакнува страсно со новиот дечко - јавноста ја исмева дека „си фатила дедо“
- Детали
- среда, 16 јули 2025
По два пропаднати брака, актерката Рис Витерспун ужива во љубовта со германскиот бизнисмен Оливер Харман (57), но во јавноста ја исмеваат за изборот и велат дека ѝ паднале критериумите.

Една година откако почнаа гласините дека актерката Рис Витерспун (49) е во врска со германскиот бизнисмен Оливер Харман (57), Daily Mail објави ексклузивни фотографии од парот како се бакнува страсно и ужива на летувањето на јахта на француската ривиера.

Рис и Оливер се фотографирани во близина на Сен Тропе - тие разменуваат страсни бакнежи на јахтата и се прегрнуваат, се бакнуваат додека пливаат и уживаат во љубовта.

Близок пријател на актерката открил дека Оливер има завршено на Харвард и ѝ помогнал на Рис со финансиски совети околу нејзините брендови.
„Таа го вика ‘нејзиниот мал гениј’,“ рекол анонимниот извор.

Истиот извор додал и дека глумицата ужива во љубовта со Оливер и дека е задоволна што тој ја води иницијативата во нивната врска.
„Во претходните два брака таа беше лидер, а сега Оливер ја води неа. Ја поттикнува да биде подобра, ја мотивира да прави повеќе - нешто што го немаше од претходните сопрузи.
Толку е среќна што го запозна и со децата и со пријателите“ - рекол изворот.

Сепак, јавноста сурово го исмева нејзиниот партнер. На социјалните мрежи велат дека Рис „си фатила дедо“, дека „ѝ паднале критериумите“ и дека „ѝ требаат очила“, бидејќи претходните партнери ѝ беа прекрасни.

Актерката зад себе има два пропаднати брака. Таа беше омажена со глумецот Рајан Филипе од 1999 до 2008, а потоа со Џим Тот од 2011 до 2023.
Рајан Филипе/Џим Тот
Повеќе фотографии од Рис и Оливер:

