Детали за таинствената врска на Рис Витерспун со германскиот милионер (кој го споредуваат со „дедо“)
- Детали
- сабота, 04 април 2026
Кога ја потврди врската со германскиот бизнисмен, јавноста се шегуваше дека Рис Витерспун „си фатила дедо“. Но, нејзиниот нов дечко е едвај осум години постар од неа, а блиските велат дека се вљубила во него бидејќи не е славна личност и не може да ја засени.

Иако е една од најпознатите актерки, Рис Витерспун умешно ја крие врската со германскиот бизнисмен Оливер Харман.
Според нејзините блиски, тоа што и самиот Оливер бил приватна личност била една од главните причини зошто се вљубила во него.
„Рис си ја сака работата, но не ѝ се допаѓа славата и сака нејзиниот приватен живот да биде приватен.
Тоа е една од причините зошто не почна врска со славна личност“, открива извор за Daily Mail.
Друг извор вели дека на 50-годишната актерка ѝ бил потребен партнер кој нема никаква врска со филмската индустрија.
„Тешко е да се справите со Рис бидејќи е многу тврдоглава. Таква е во Холивуд, таква е со пријателите, а таква е и со врските.
Оливер не е дел од филмската индустрија, па тоа значи дека нема никогаш да ја засени кога одат на настани“, вели изворот.
Притоа, Рис била свесна дека Оливер е приватна личност и навистина го ценела тоа.
58-годишниот Оливер е успешен бизнисмен чие богатство се проценува на околу 440 милиони долари.
Првпат почнаа да го поврзуваат со Рис Витерспун во 2023-та, откако актерката се раздели од Џим Тот.
Со него, Рис има 13-годишна ќерка, а има и уште две постари деца – Ава (26) и Дикон (23) кој ги доби од бракот со Рајан Филипе.
Рис и Оливер првпат беа забележани заедно во 2024 година во Њујорк, а следното лето беа фотографирани на јахта во Сен Тропе.
Тогаш јавноста почна да се шегува дека актерката „си фатила дедо“, без разлика што возрасната разлика меѓу нив е едвај осум години.