Кајли Џенер како друга личност без шминка, откако ја покажа големата лузна од операцијата за зголемување на градите (фото)
- Детали
- среда, 16 јули 2025
На папарацо фотка од одморот во Грција се гледа огромната лузна на Кајли Џенер од операцијата за зголемување на градите. Досега, ријалити ѕвездата, која ги зголеми градите на 19 години, успешно ја криеше. Таа сподели и слатко видео со ќерка ѝ на кое изгледа како друга личност без шминка.

Веќе не е тајна дека сестрите од кланот Кардашијан-Џенер „се кријат“ зад низа козметички процедури и многу шминка.
Па, изненадување е кога некоја од нив ќе се појави без шминка или кога ќе налетаме на фотка која не е фотошопирана.
Моментално, Кајли Џенер е на одмор во Грција со ќерка ѝ Сторми, а оттаму објави слатко видео со неа. Видеото е како мејкап туторијал, па на почетокот, Кајли се појавува без шминка.
Иако изгледа одлично, 27-годишната ријалити ѕвезда сепак делува како потполно друга личност.
Во видеото, таа ѝ одржува и лекција на ќерка си, кажувајќи ѝ дека најубаво изгледа без шминка.
За оваа изјава, некои во коментари се шегуваат дека Кајли можеби не е најдобар пример за ценење природна убавина.
Но, други истакнуваат дека Кајли сепак е добра мајка бидејќи од рана возраст ја учи својата ќерка да ја цени нејзината природна убавина.
„Кајли само сака да ѝ каже дека нема да дозволи јавноста да ѝ ја сруши самодовербата од рана возраст, како што ѝ се случи нејзе“, гласи еден од коментарите.
Други коментираат и дека Стори делува како навистина воспитано дете и дека Кајли навистина ужива во мајчинството.
@kyliejenner our first GRWM together 🥹 we always make vids together for fun and i never post them but this was just tooooo cute
♬ original sound - Kylie Jenner
Периодов Кајли е поотворена за процедурите што ги има направено, па откако призна дека ги зголемила градите, откри и какви силикони има ставено.
Од одморот во Грција, пак, се појави и папарацо фотка на која ѝ се гледа лузната од операциите за зголемување на градите.
Кајли ја направи операцијата за зголемување на градите на само 19 години, а во неколку пригоди има изјавено дека зажалила.
Низ годините, пак, успешно ја има криено лузната.
„Имав убави гради. Прекрасни, совршена големина. Посакувам дека никогаш не ја направев операцијата“ изјави Кајли неодамна.
Таа откри и дека забременила со Сторми кратко по операцијата, а односно пред целосно да закрепне.
Нa папарацо фотките, Кајли носи бел костим за капење, од кој ѕирка лузната на нејзината града.
Ријалити ѕвездата вели и дека се надева дека нејзината ќерка нема да има проблеми со самодовербата и нема да легне под нож уште додека е многу млада.
„Ќе ми се скрши срцето ако Сторми посака да прави промени на телото како мене, на само 19 години“.
За фотките, некои коментираат дека е чудно што има толку голема и видлива лузна, ако отишла кај искусен хирург.
„Отсекогаш се прашував зошто нема лузни кога операцијата беше очигледна. Но, потоа ами стана јасно дека ги фотошопираат фотките“.
„Тоа е навистина лоша лузна. Замислете да дадеш толку пари за операција и да ти остане ова“.
„Има доволно пари да си купи бикини кој ќе ѝ ја скријат лузната“.
Спирова С. | Црнобело