Имала инцестоидна врска со татко ѝ, не знаела дали е бремена од него или од сопругот - Бизарниот живот на актерката Мекензи Филипс
Таа вели и дека ноќта пред да се омажи за Џеф Сеслер, во 1979 година, нејзиниот татко дошол кај неа со намера да ја спречи да се омажи.
„Испив многу апчиња, а тато зема многу од сè. На крајот, се онесвестив на неговиот кревет. Бев само дел од една личност, мојата тајна ме изолираше.
Една ноќ татко ми рече: ‘Можеме да избегаме во некоја земја каде што никој нема да нè гледа со потценување. Има земји каде што тоа е прифатено. Можеби Фиџи“ - напишала Мекензи во својата книга.

Таа раскажа и дека за време на бракот имала сексуални односи со својот татко, сè до моментот кога забременила.
Не била сигурна кој е татко на детето, па Џон ѝ платил за абортус, по што нивната проблематична врска завршила.
Мекензи вели дека му простила сè во 2001 година, кога бил на смртна постела, а откако тој починал, таа им се вратила на своите стари пороци.
Признала дека кога имала 11 години, нејзиниот татко првпат ѝ дал кокаин, а таа неколкупати се борела со зависности.
Откако било објавено признанието на актерката, во медиумите се кренала голема прашина. Јавноста ѝ верувала на Мекензи, но нејзиното семејство не.
Мајката Мишел одбила да прифати дека сето тоа е вистина и за Hollywood Reporter изјавила дека не верува во ниту еден збор што го кажала Мекензи.
За ќерката рекла и дека е „ментално болна затоа што 35 години живеела со иглата забодена во рака“.
Не сестра ѝ Бижу Филипс не верувала во ова признание.
„Не ѝ верувам на сестра ми. Нашиот татко беше многу работи. Но, ова не е“, рекла таа во едно интервју.
Сепак, таа испратила писмо до Опра и во него открила дека Мекензи првпат ѝ кажала за злоставувањето кога Бижу имала 13 години.
Во писмото вели дека за неа, како девојче, тоа било страшно и збунувачко, а дека помислата да биде сама со својот татко за неа била ужасна.
Се појавија гласини дека и Бижу била жртва на нивниот татко, зашто во песна посветена на него дел од текстот вели: „Тој ме допре погрешно“.
А. Ј. | Црнобело
