Имала инцестоидна врска со татко ѝ, не знаела дали е бремена од него или од сопругот - Бизарниот живот на актерката Мекензи Филипс
- Детали
- недела, 20 јули 2025
„По првиот пат, отидов кај татко ми и му реков дека мора да разговараме за тоа дека ме силуваше. Тато рече: ‘Те силував? Мислиш, водевме љубов?’,“ рекла актерката, чиј татко е Џон Филипс, фронтменот на бендот Mamas & The Papas.

Откако нејзиниот татко на почетокот ја силувал, актерката во своите мемоари открила дека „со текот на таа станала консензуална“. Бизарна врска на Микензи Филипс, и нејзиниот татко Џон, сè уште го шокира светот.
Музичарот Џон Филипс, познат како фронтмен на групата Mamas & Тhe Papas, е добро познато име во 1970-тите години.
Две децении подоцна, и неговата ќерка Мекензи Филипс стана популарна актерка, но светот знае и за нејзините полусестри, пејачките Чајна и Бижу Филипс, од триото Willson-Philips.
Последниве години во јавноста многу се зборува за Бижу, чиј сопруг, актерот Дени Мастерсон (Thаt 70’s Show), беше осуден на 30 години затвор за силување.
Сепак, пошокантна е приказната на нејзината сестра Мекензи.
Актерката, позната по улогата во филмот American Graffiti, своевремено во својата книга High on Arrival изнесе една од најшокантните и највознемирувачките исповеди - за нејзината инцестоидна врска со татко ѝ.
Подоцна, Мекензи зборуваше за тоа со Опра Винфри, но светот сè уште е шокиран од деталите што ги раскажа таа.

Мекензи вели дека нејзиниот татко првпат ја злоставувал во хотелска соба кон крајот на 1970-тите, а таа се обидела да разговара со него за тоа.
„По првиот пат, отидов кај татко ми и му реков дека мора да разговараме за тоа дека ме силуваше. Тато рече: ‘Те силував? Мислиш, водевме љубов?’
Во тој момент, помислив дека сум навистина сама во сето ова“ - објаснила актерката.

Со текот на времето нивната врска „станала спогодбена“.
Иако тоа не се случувало секој ден, сепак се повторувало, па Мекензи верува дека не е единствената во семејството што го имала ова ужасно искуство со татко ѝ.
„Не се случуваше секој ден, не се случуваше секоја недела, но дефинитивно се случуваше и се случуваше многупати. Со текот на времето, стана консензуално.
Не верувам дека сум единствената на која ѝ се случуваше ова. Без разлика каков инцест е, тоа е злоупотреба на моќ... и изневерена доверба“, додала Мекензи.

