Конор МекГрегор откако беше „уловен“ како бакнува друга жена - ја милува свршеницата на јахта, па таа се фали со прстенот
- Детали
- четврток, 17 јули 2025
Неговата свршеница е со него од времето кога бил водоводџија, немал воопшто пари, а му роди и 4 деца... Но, тој се соочува со обвиненија за силување и несоодветно однесување кон жени, а сега дури и се бакнуваше со друга јавно. Но, свршеницата му прости и овој пат.

Конор МекГрегор (37) е фотографиран насмеан и расположен со својата свршеница Ди Девлин на луксузна јахта во близина на брегот на Италија.
На фотографиите ја прегрнува и милува својата долгогодишна партнерка, додека двајцата се сончаат на јахта, по скандалот кога тој беше уловен како бакнува друга жена.
Со љубовницата
Со свршеницата
МекГрегор го прослави својот роденден на Сардинија, заедно со семејството.
Но, славењето се случува во сенка на контроверзии.
Американската раперка Азелија Бенкс го обвини Мекгрегор дека ѝ испраќал експлицитни фотографии и објави наводни непристојни слики од него на Твитер, заедно со порака: „Не биди стаорец, бидејќи сите стаорци ги фаќаат“.
Дополнително, борецот се соочи со тужба од жена која го обвинува за сексуален напад за време на НБА финалето во Мајами во 2023 година. Според тужбата, тој ја удрил со лицето од ѕид во тоалет и потоа ја силувал.
Мекгрегор и Девлин се заедно веќе 16 години и се свршени од 2020. Имаат четири деца. И покрај бројните обвинувања и медиумски скандали, Ди останува покрај него.

Инцидентите не завршуваат тука. Само неколку дена пред роденденската прослава, Конор беше фотографиран како бакнува мистериозна бринета на плажа на Флорида.


Подоцна, истата жена беше видена на вечера со него во ресторан во Мајами.
