Конор МекГрегор „уловен“ како бакнува друга жена на плажа – свршеницата седи дома со децата и му честита роденден (фото)
- Детали
- вторник, 15 јули 2025
Конор МекГрегор беше фотографиран како разменува нежности со друга жена на плажа во Флорида. Неговата свршеница, со која е заедно веќе 16 години, ги изигнорира папарацо фотките, па како да не се случило ништо, на Инстаграм му сподели честитка за 37-иот роденден.

Кога Конор МекГрегор почна да се прославува, во фокусот на јавноста се најде и љубовната приказна на борачот и свршеницата Ди Девлин.
Конор и Ди се свршија во 2020 година, но заедно се веќе 16 години. Па, Ди била покрај познатиот борач кога немал ништо, а потоа му била најголема потпора додека пробувал да се пробие.
Парот има четири деца, на возраст од една до осум години.
Но, се чини дека нивната љубов е далеку од бајка.
Неодамна, 37-годишниот борач беше забележан на плажа во Флорида каде се прегрнуваше и бакнуваше со друга жена.
Жената, чиј идентитет не е познат, носеше костим за капење со леопардски принт и не ги оттргнуваше рацете од Конор.
Не ни пробувајќи да се скријат, Конор и жената постојано разменуваа нежности, а борачот изгледаше во навистина добро расположение.
Вчера (14.07), Конор наполни 37 години, а свршеницата Ди одлучи да ги изигнорира папарацо фотките и сподели објава во негова чест.
На нејзиниот Инстаграм профил, кој е приватен, Ди сподели фотка на Инстаграм Стори од нив со опис:
„Среќен роденден на личноста која секогаш ја усреќува Ди“.
Ова е далеку од прв скандал на Конор Мекгрегор, а изгледа дека свршеницата Ди е подготвена да го поддржува во буквално сè.
Минатата година, Конор беше на суд за силување кое наводно се случило во хотел во Даблин, во 2018 година.
Иако силувањето наводно се случило кога биле заедно, Ди сепак го придружуваше Конор во судница и ни за миг не покажа дека се сомнева во невиноста на партнерот.
За време на судењето, Конор изјави дека не ја силувал жената, туку таа се согласила да имаат секс, но на крај сепак беше прогласен за виновен и требаше да ѝ плати околу 200.000 евра на жртвата.
По судењето, Конор даде изјава во која како да проба да ѝ се извини на Ди.
„Знам дека направив грешки. Никогаш не требаше да ја изневерам жената што ја сакам најмногу на свет. За сето тоа сум виновен.
Не можам да се вратам назад во времето и ќе продолжам да се движам напред. Благодарен сум за моето семејство, пријателите и поддржувачите од целиот свет“’.
Потоа се огласи и Ди:
„Јас и мојот партнер создадовме прекрасен живот заедно. Го сакам и му верувам. Нашите четири убави деца се сведоштво за тоа каков маж е.
Никој нема право да ја коментира нашата врска – си веруваме и се сакаме. Никој или ништо нема да го промени тоа“.
Прочитајте и: Има 4 деца и планира свадба, но оди на суд за силување: Како Конор МекГрегор си ја уништи репутацијата (и кариерата)?
Кратко пред да бидат објавени новите папарацо фотки со љубовницата, Конор се најде среде друг скандал.
Раперката Азелија Бенкс излезе со тврдење дека Конор сексуално ја вознемирувал, така што ѝ испраќал голи фотографии од него. Исто така, таа вели дека борачот ѝ се заканувал доколку кажела на некој.
Засега Конор се нема огласено за обвиненијата од Азелија, ниту, пак, има кажано нешто за папарацо фотките со мистериозната жена.
Но, изреагира слично како свршеницата и на Твитер самиот си го честита роденденот.
Прочитајте и: Беше водоводџија, сега има милиони, но е со истата девојка: Животниот пат на Конор МекГрегор (фото)
Повеќе фотки од одморот на Конор со непознатата жена:
Спирова С. | Црнобело