Беше водоводџија, сега има милиони, но е со истата девојка: Животниот пат на Конор МекГрегор (фото)
- Детали
- четврток, 04 октомври 2018
Кога му велеа дека нема да успее, тој им велеше дека на 25 години ќе биде милионер и успеа во тоа. Неговата девојка Ди Девлин, со која има син, е со него од дното до врвот.

Конор МекГрегор е еден од најдоминантните живи борачи. Шампионот заработува вртоглави суми од борбите и води раскошен начин на живот.
Тој потекнува од скромно работничко семејство од предградие на Даблин, вежбал во локални теретани, работел како водоводџија и сега е еден од најопасните борачи на планетата.
Како МекГрегор се издигна на врвот на светот:
Роден е на 14-ти јули 1988, а родителите велат дека се родил со стиснати тупаници.

Тинејџерските денови ги минува во предградие на Даблин и тренира боречки вештини во „Crumlin Boxing Club“.

Откако претепал двајца од најдобрите борачи, тренерот Џон Каванаг го сфатил МекГрегор многу сериозно.

Незаинтересиран за училиштето МекГрегор работел како водоводџија, некогаш и по 12 часа на ден, а потоа тренирал. Тогаш ја запознал и својата девојка Ди Девлин.

Потоа, ја напуштил работата за да тренира попосветено, а неговите родители се противеле на тоа. МекГрегор му кажал на татко му дека ќе жали што го спречувал кога тој на 25 години ќе стане милионер.

Но, не ги заборавил своите корени и пред да појде од Ирска во Лас Вегас на тренинзи, тој отишол до неговиот дом и оставил проект на кој работел 6 месеци – шах направен од водоводџиски материјали со неговото име изгравирано на него со круна.

Овој проект симболично го прикажува неговиот пат од водоводџија до крал.

Во март 2008 МекГрегор за првпат се натпреваруваше во ММА борба и тоа беше неговото лансирање кон интернационална слава.

Оттогаш неговите победи се нижеа и тој во април 2013 ја имаше првата УФЦ борба, каде победи со нокаут во првата рунда.

Само една седмица пред борбата тој подигна чек од социјално од 188 евра, а потоа триумфираше во борбата и доби бонус од 51.000 евра. Во чест на тој чек подоцна го крсти неговиот брод „The 188“.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт беше воодушевен од него и тогаш започна нивната профитабилна соработка.

Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:
Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости...
„Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не ме гледа. Пред...
Се огласи изневерената девојка на норвешкиот олимпиец: „Тешко е да се прости и по изјавата за љубов ...
„Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Н...
Фудбалер на Арсенал исмеан поради крупната сопруга: „Богат е и згоден, може тој и подобро од неа“
„Деклан Рајс е милионер, фудбалска ѕвезда, фит, висок и згоден, но реши да избер...
Скијачка запросена пред илјадници луѓе на Олимпијада - Освои злато, па доби свршенички прстен
Прво запросување на Олимпијадата 2026 - кога освојувачката на златен медал Бризи...
По 5 разводи, Лотар Матеус има 38 години помлада девојка - Која е манекенката што го заведе легендар...
Поранешниот германски капитен, Лотар Матеус, има 5 деца од три различни сопруги,...
Заработуваше милиони уште пред да наполни 30: Колкаво наследство им остави Диого Жота на трите деца ...
Диого Жота брзо се истакна како фудбалер и до трагичната смрт имаше заработено н...