„Се криел“ во скиентолошки град, го кремирале во тајност: Нови детали за мистериозната смрт на актерот Џулијан Мекмахон

Поминаа веќе две недели од смртта на актерот Џулијан Мекмахон, но истовремено се открија навистина чудни детали за неговите последни денови. Актерот почина во градот каде што се наоѓа седиштето на скиентолошката црква, а бил кремиран во тајност, без никаква церемонија.

se-kriel-vo-skientoloshki-grad-go-kremirale-vo-tajnost-novi-detali-za-misterioznata-smrt-na-akterot-dzhulijan-mekmahon-01.jpg

Смртта на актерот Џулијан Мекмахон беше шок за јавноста бидејќи никој не знаеше дека имал рак.

56-годишниот актер, најпознат по улогите во Charmed и Nip/Tuck, почина на 2-ри јули, а не е познато колку долго боледувал.

Но, сега почнаа да се појавуваат чудни детали за смртта на Џулијан, како и последните денови од неговиот живот.

se-kriel-vo-skientoloshki-grad-go-kremirale-vo-tajnost-novi-detali-za-misterioznata-smrt-na-akterot-dzhulijan-mekmahon-09.JPG

Актерот и сопругата Кели Паниагуа живееја во Калифорнија, но некој период престојуваа во Клирвотер – град во Флорида.

Во Клирвотер се наоѓа седиштето на скиентолошката црква, па во САД е познато како место каде што владеат скиентолозите.

se-kriel-vo-skientoloshki-grad-go-kremirale-vo-tajnost-novi-detali-za-misterioznata-smrt-na-akterot-dzhulijan-mekmahon-06.JPG

Додека некои ѕвезди, како Том Круз, се истакнати членови на црквата, Џулијан никогаш претходно не бил поврзуван со скиентологијата.

Не е познато колку долго со сопругата биле во Клирвотер, но според некои извори, го продале целиот имот во Калифорнија уште во август 2023-та.

se-kriel-vo-skientoloshki-grad-go-kremirale-vo-tajnost-novi-detali-za-misterioznata-smrt-na-akterot-dzhulijan-mekmahon-04.JPG

Но, чуден детаљ е што наводно немале купено живеалиште во скиентолошкиот град.

Притоа, за актерот немало погреб, туку само бил кремиран без никаква церемонија. Според некои извори, ни неговата сопруга не била присутна за време на креирањето.

se-kriel-vo-skientoloshki-grad-go-kremirale-vo-tajnost-novi-detali-za-misterioznata-smrt-na-akterot-dzhulijan-mekmahon-07.JPG

Редакцијата на Daily Mail ја добила посмртницата на актерот и откриваат дека тој починал бидејќи ракот се метастазирал на белите дробови, но не била направена обдукција.

Притоа, не било наведено од каков рак боледувал, ниту колку долго.

se-kriel-vo-skientoloshki-grad-go-kremirale-vo-tajnost-novi-detali-za-misterioznata-smrt-na-akterot-dzhulijan-mekmahon-03.JPG

Според посмртницата, актерот починал во болница во Клирвотер, додека како негова адреса на живеење е наведена зграда во Калифорнија.

Она што е чудно е тоа што адресата во Калифорнија е зграда во која се наоѓа сметководствено друштво и уште два други бизниса. Односно, воопшто не е зграда во којашто живее некој.

Не е познато дали актерот претходно одел во Клирвотер, ниту каде престојувале со сопругата. Откако, пак, се дозна дека починал овде, на социјалните мрежи почна да се шпекулира.

„Живеам во Клирвотер, во близина на куќа што е во сопственост на Џон Траволта – околу 2 километри од седиштето на скиентолошката црква.

Се прашував дали Џулијан е скиентолог бидејќи неговата сопруга рече дека починал во Клирвотер. Обично само славни кои се скиентолози доаѓаат (и умираат) овде“.

se-kriel-vo-skientoloshki-grad-go-kremirale-vo-tajnost-novi-detali-za-misterioznata-smrt-na-akterot-dzhulijan-mekmahon-05.JPG

Додека Џулијан се пробуваше во Холивуд, неговата сопруга Кели водеше веб-сајт и се нарекуваше „личен водич за духовно будење“.

„Веруваме во ширењето на светлината и моќта на колективната свесност. Ги повикуваме сите души на пат за закрепнување и откривање на вистината“, пишува на нејзиниот веб-сајт.

se-kriel-vo-skientoloshki-grad-go-kremirale-vo-tajnost-novi-detali-za-misterioznata-smrt-na-akterot-dzhulijan-mekmahon-02.JPG

Поради необичната професија на Кели, шпекулациите дека парот бил дел од скиентолошката црква само се засилија.

Некои сметаат и дека можеби Џулијан пробувал да се излечи со неконвенционалните методи на скиентолозите.

Сепак, за Daily Mail, експерт за скиентологија вели дека не верува дека Џулијан и сопругата биле дел од црквата.

„Не сум видел доказ дека Џулијан бил скиентолог. Скиентологијата управува со мал дел во центарот на Клирвотер. Но, луѓето главно не му се приближуваат.

Повеќето повеќе сакаат да одат на плажата, која нема никаква врска со скиентологијата“.

se-kriel-vo-skientoloshki-grad-go-kremirale-vo-tajnost-novi-detali-za-misterioznata-smrt-na-akterot-dzhulijan-mekmahon-08.JPG

Сепак, јавноста останува на ставот дека актерот можеби имал некаква поврзаност со црквата, како и дека деталите околу неговата смрт навистина се доста чудни.

Прочитајте и: Имаше афера со Шенон Доерти, почина од рак една година по нејзината смрт: Факти за актерот Џулијан Мекмахон

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
По болно раскинување, неколку години е сингл: Зошто таинствениот Мајкл Б. Џордан бега од љубов? „Тазе“ оскаровецот Мајкл Б. Џордан е сингл од 2022-ра, откако раскина двегодишна...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Кифер Сатерленд им се врати на лошите навики – нападнал возач, по многуте апсења и затворската казна... Повеќе од цела деценија, Кифер Сатерленд немаше проблеми со законот. Во минатото...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Џони Деп за детството со сурoва мајка: „Ме маваше со чевли, со стапови, но пострашна беше психолошка... „Ме удираше со стап, со чевли, со пепелник, со телефон. Што и да е. Но, ѝ се заб...

Најчитани неделава