Се омажи за него на 17 години, го изневери ден пред свадбата - Кој е првиот сопруг на Деми Мур, чие презиме го носи и денес?
Но, многумина го заборавиле првиот брак на Деми Мур, со музичарот Фреди Мур, а чие презиме го носи и денес.
Актерката е всушност родена како Деми Кинг, што е презиме на нејзината мајка Вирџинија.
Нејзиниот биолошки татко, Чарлс Хармон, ја напуштил Вирџинија по само два месеца брак, пред Деми да се роди.
Актерката го сметала својот очув Ден Гејнс за свој вистински татко, па затоа долго време се викала Деми Гејнс.

Но, кога имала само 17 години, Деми се омажила за музичарот Фреди Мур, кој бил 12 години постар од неа.
Тие се венчале во февруари 1980 година. Веднаш го зела неговото презиме и почнала да се претставува како Деми Мур.
Но, бракот не им бил воопшто среќен.

Дури откако ја објави својата автобиографија Inside Out, јавноста дозна дека таа го изневерила својот прв сопруг ноќта пред свадбата.
Причината за ова била што нејзиниот сакан очув си го одзел животот кратко претходно, а таа сè уште била скршена со болка.
„Избегав од мојата моминска забава и му се јавив на тип што го запознав на сет. Зошто отидов во неговиот апартман наместо кај мажот со кој требаше да го поминам остатокот од мојот живот? Зашто не можев да се соочам со фактот дека се мажам за да се оттргнам од тагата поради смртта на мојот татко. Чувствував дека не можам да го избегнам тоа. Не можев да избегам од бракот, но можев да го саботирам“ - пишува во книгата.

Деми и Фреди Мур останале заедно до 1983 година, пред да се разделат. Формално се развеле во 1985 година.
Музичарот, пред Деми имал уште еден неуспешен брак, со Луси Колвин.
По разводот од Деми, тој останал сам, но се преженил во 2005 година.
Скоро една деценија подоцна, а во 2014-та година, му била дијагностицирана Алцхајмерова болест.
Фреди починал во 2022 година, на 73-годишна возраст, во Лос Анџелес, каде што живеел во дом за стари лица.

А. Ј. | Црнобело
