„Ме давеше, ми се закануваше дека ќе ме убие“: Дениз Ричардс го обвини сопругот за насилство, откако тој побара развод
Во барањето за заштита, Дениз вели дека бил нападната од Арон и на 4-ти јули, кратко пред тој да поднесе барање за развод.
Арон дошол во нејзината куќа со татко му и почнал да ѝ вика и да ја навредува. Потоа ја удрил по главата и цврсто ја фатил за левата рака.
„Подоцна истиот ден, Арон ме бркаше, силно ме грабна за двете раце и ме турна, па ме влечеше по земја. Паднав по скалите и бев во болка.
Арон ми го украде лаптопот и праќаше пораки без моја дозвола. Арон ми се закануваше дека ќе ’исчезнам‘ ако го пријавам во полиција“.
Дениз опишала и како настанала модринката на окото од вознемирувачките фотографии.
„Вечерта на 17-ти јануари 2022, се случи инцидент во канцеларијата на Арон во Малибу. Со нас беше женки член на нашето семејство. Арон донесе неколку саксии со растенија и беше параноичен дека во нив имало уреди за прислушување.
Полицаец, кој тогаш беше на пакрингот, ни се приближи кога го слушна викањето. Откако полицаецот замина, Арон продолжи да вика, а потоа со дланката ме удри на окото додека ме навредуваше.
Членот од семејството сведочеше на нападот и веднаш ми даде замрзната храна за да го намалам отокот“
Дениз доставила и фотографија од црвен тепих, на која вели дека ѝ се гледа модринка на раката предизвикана од Арон.
Актерката наведува и низа други инциденти со навредување, удирање и закани.
Од Daily Mail побарале изјава од Дениз и од Арон, но не добиле одговор од актерката. Арон, пак, тврди дека обвинувањата на Дениз се лажни.
„Сакам да се гласам за неодамнешните гласини и шпекулации во врска со мојата сопруга Дениз Ричардс. Да бидам јасен – никогаш не сум бил физички или емоционално насилен кон Дениз или кој било друг.
Овие обвиненија се потполно лажни и многу болни. Дениз и јас, како и многу други парови, сме имале предизвици, но секое тврдење за насилство е лажно. Пробав да му пристапам на нашиот брак со љубов, трпение и почит“.
Тој изјави и дека имал докази дека на што го кажува Дениз е лага.
Прочитајте и: Едната е побожна христијанка, другата позира гола – Каде се денес ќерките на Чарли Шин и Дениз Ричардс?
Спирова С. | Црнобело