Се удави актерот Малком-Џамал Ворнер - го повлекла струја додека бил на семејно летување на Коста Рика
- Детали
- вторник, 22 јули 2025
Актерот Малком-Џамал Ворнер, кого публиката го памети по улогите на Тео Козби, во популарниот ситком The Cosby Show и Еј Џеј Остин во The Resident, почина на 54 години.

Малком-Џамал Ворнер бил на семејно летување на Коста Рика, каде што почина од давење.
Тој пливал, кога го повлекла силна струја и не успеал да се спаси, пренесуваат светските медиуми.

Со него било уште едно лице, маж, кој е пренесен во болница и се наоѓа во критична состојба.
Според магазинот People, кога медицински лица од Црвениот крст на Коста Рика пристигнале на местото на несреќата, двете тела веќе биле извлечени на брегот, од други капачи.

Тие пробале да му пружат прва помош на Ворнер, му давале вештачко дишење, но на крајот само констатирале смрт поради давење.
Другиот пациент, чиј идентитет за сега не се открива, бил веднаш пренесен во болница, а лекарите се борат за неговиот живот.

Светот дозна за Малком-Џамал Ворнер во 1980-тите.
Тој тогаш ја доби улогата на Тео Козби, единствениот син на Др. Хитклиф Хакстабил (Бил Козби) во популарниот ситком The Cosby Show.

Низ годините имаше помали и поголеми улоги во многу телевизиски серии, од кои најпознатите се The Resident, Suits, 9-1-1 и Alert: Missing Persons Unit.
Актерот го чуваше приватниот живот далеку од јавноста. Познато е дека беше оженет и дека имаше ќерка, но никогаш не го откри нивниот идентитет.

А. Ј. | Црнобело