Бурак Озџивит е на одмор во Монако со сопругата, првпат без брада - по контроверзиите во кариерата

Наводно барал поголем хонорар за својата улога на Осман Беј и се повлече од серијата „Kuruluş Osman“ пред почетокот на снимањето на седмата сезона. Потоа на Инстаграм напиша „Одморот почнува“, го промени имиџот и објави вљубени фотки со сопругата Фахрије Евџен.

burak-ozdjivit-e-na-odmor-vo-monako-so-soprugata-prvpat-bez-brada-po-kontroverziite-vo-karierata-01.jpg

Турските актери Бурак Озчивит и Фахрије Евџен периодов уживаат во Монако.

burak-ozdjivit-e-na-odmor-vo-monako-so-soprugata-prvpat-bez-brada-po-kontroverziite-vo-karierata-10.jpg

На фотографиите кои ги објавија на Инстаграм Бурак изгледа непрепознатливо.

burak-ozdjivit-e-na-odmor-vo-monako-so-soprugata-prvpat-bez-brada-po-kontroverziite-vo-karierata-07.jpg

Оваа негова промена на имиџот, односно бричење на брадата по долги години, доаѓа откако се откажа од улогата на Осман Беј, основачот на Отоманското Царство, централна фигура во историскиот серијал „Kuruluş Osman“, од кој беше дел долго време.

burak-ozdjivit-e-na-odmor-vo-monako-so-soprugata-prvpat-bez-brada-po-kontroverziite-vo-karierata-02.jpg

„Почнува одморот“, напиша Бурак откако се прости со долгогодишната улога.

Кога објави дека се повлекува од серијата пред почетокот на снимањето на седмата сезона тој на социјалните мрежи напиша:

„Да се збогуваш е голема доблест. Сакам да им се заблагодарам на нашите гледачи и да се простам со почит, наспроти обидите да се фрли сенка врз шестгодишната работа, страст и труд. Се гледаме во нови приказни...“

burak-ozdjivit-e-na-odmor-vo-monako-so-soprugata-prvpat-bez-brada-po-kontroverziite-vo-karierata-03.jpg

Инаку, 40-годишниот Бурак со својата сакана Фахрије Евџен се запозна и првпат соработуваше во серијата Çalıkuşu (2013–2014), каде ги толкуваа главните улоги.

Врската започнала уште додека снимале заедно во 2013-та година.

Тие се свршија во март 2017 во Германија, се венчаа во јуни 2017 во Истанбул, со голема церемонија покрај Босфор, која турските медиуми ја нарекоа „свадба на годината“.

burak-ozdjivit-e-na-odmor-vo-monako-so-soprugata-prvpat-bez-brada-po-kontroverziite-vo-karierata-08.jpg

Првиот син, Каран им се роди во Истанбул 2019, а вториот син, Керем, се роди во 2023, исто така во Истанбул.

И покрај контроверзиите на поле кариера и напуштањето на серијата каде наводно барал да биде подобро платен, тој очигледно ужива на приватен план.

burak-ozdjivit-e-na-odmor-vo-monako-so-soprugata-prvpat-bez-brada-po-kontroverziite-vo-karierata-05.jpg

burak-ozdjivit-e-na-odmor-vo-monako-so-soprugata-prvpat-bez-brada-po-kontroverziite-vo-karierata-04.jpg

Повеќе фотографии од парот на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Адам Сендлер „ја срами“ сопругата на нејзина премиера – дојде со дречлив блузон и прави гримаси, јав... „Го разбирам кога промовира негови проекти, но кога ја поддржува сопругата, може...
„Мојата жена е мојот херој“ – Најсекси мажот на светот, Џон Красински, слави 15 години брак со сопру... По 2 години врска се венчале во куќата на Џорџ Клуни на Комо, им предвидувале ра...
Проба да ја убие, ја изневеруваше, со месеци се криеше од неа: Како Шерон Озборн го „смири“ Ози (и з... Кога ќе дознаете што сè трпела Шерон Озборн од сопругот Ози, ќе ви биде нејасно ...
Како сопругата му покажа љубов со еден потег на „доктор Слоун“ од Grey’s Anatomy, кој почина на 53 г... Во 2018 година, сопругата на Ерик Дејн поднесе барање за развод. Но, парот ја ра...
Синот на Бритни Спирс првпат сам на црвен тепих со девојка – додека мајка му прави скандал со нож во... По долги години растење настрана од јавност, помалиот син на Бритни првпат се по...
Бритни покажа дека живее во хаос и прозборе за Сем Ашгари првпат по разводот: „Тажно е за гледање, ѝ... По реакциите и загриженоста на фановите, Бритни го избриша видеото во кое се гле...

Најчитани неделава