Ѝ ја спасил кариерата, но ја присилил да абортира: Скандалозниот брак на Џуди Гарланд и четвртиот сопруг Сид
Во првата година од нивната афера, додека уште била во брак со третиот сопруг, Џуди забременила од Сид.
Плашејќи се дека ќе избие скандал, Сид ја присилил Џуди да абортира. Таа го послушала, но има изјавено дека оваа одлука ја прогонувала целиот живот.
Веќе следната година, Сид и Џуди решиле да ги остават своите сопружници бидејќи сакале да бидат заедно, па и да се венчаат.
„Јас ја сакам Џуди. Сакам да ја заштитам од траумата што ја преживеала. Не сакам повторно да биде повредена. Сакам да биде среќна.
Ниту јас, ниту кој било друг не смее да ја присилува да прави нешто што не сака“, гласела тогашната изјава на Сид за одлуката да се венчаат.
Кратко по венчавката, тие ја добија ќерката Лорна, а во 1955 година добија и син – Џозеф. Од претходен брак, Џуди веќе ја имаше ќерката Лајза Минели.
Сепак, бракот на Џуди и Сид бил далеку од добар.
Проблемите со зависност од лекови на Џуди само се влошиле. Тажно е што Џуди не е самата виновна за својата зависност, туку била присилена да зема амфетамини и секакви стимуланси за да може да го издржи снимањето на The Wizard of Oz.
Па, станал зависник уште на 15-годишна возраст. Сид не успеал да ѝ помогне, туку додека била со него, ситуацијата само ескалирала.
Подоцна и самиот Сид има изјавено дека нејзината зависност била товар за нивниот брак, а поради многуте лекови што ги пиела, Џуди страдала од депресија, а се борела и со суицидни мисли.
Во 1965-та, по 12 години брак, Џуди решила да поднесе барање за развод.
Тогаш, пак, и го обвинува Сид за физичко насилство – имено, продуцентот многу пиел и кога бил во алкохолизирана состојба, честопати ја удирал.
На сослушувањето за старателството над децата, Џуди тврдела и дека имало ситуации кога Сид пробувал да и ги одземе на сила.
Разводот бил финализиран истата година, а Џуди доби целосно старателство над нивните две деца.
Во 1969-та, Џуди се венча со петтиот сопруг – Мики Динс.
Но, истата година, поради случајно предозирање со лекови, таа почина.
Прочитајте и: Ја дрогирале Џуди Гарланд, организирале оргии: Скандалите на снимањето на „Волшебникот од Оз“
Спирова С. | Црнобело