„Ја изневерува, но нема да го остави“: Зошто сопругата на Конор МекГрегор ги трпи понижувањата и се жртвува за него?
- Детали
- четврток, 21 август 2025
„Од почетокот на нивната врска, сопругата на Конор, Ди, има претрпено многу. Загрижени сме уште колку долго ќе може да издржи“, велат извори блиски до парот за неверствата на Конор, но и обвиненијата за силување.

Конор МекГрегор се избори да стане еден од најпознатите и највисоко платените професионални борачи, се соочи со тужба за силување, а привлекува внимание и со аферите.
Во сите подеми и падови, покрај него верно стои сопругата Ди Девлин која замижува дури и за неверствата што борачот не ни пробува да ги скрие.
Конор и Ди се заедно со години, а во голема мера, таа е заслужна за неговиот успех.
Низ годините, и самата стекна армија фанови и многумина ја гледаат како совршена сопруга и мајка, но на никој не му е јасно зошто ги трпи јавните понижувања на Конор.
Кога Конор почна да се прославува, ја споредуваа со другите сопруги на познати спортисти, како Викторија Бекам, и очекуваа да ја искористи новата популарност за да се фокусира на некој свој бизнис или проект.
Но, Ди ги жртвуваше сите свои амбиции, само за сопругот.
Зошто Ди Девлин останува со Конор и покрај сè што ѝ приредува?
Ди престанала да оди на училиште на 16-годишна возраст, но речиси веднаш почнала да прави план за свој бизнис.
Низ годините, пробала да лансира неколку бизниси, како линија луксузни чанти и часовници.
Сепак, кога кариерата на Конор почнала да се движи во нагорна линија, Ди ја презела улогата на негов менаџер.
Го запознала на 21-годишна возраст, во период кога тој почнал да работи на својот сон да стане професионален борач, па била со него од самиот почеток.
Двајцата веројатно не очекувале огромен успех, но денес Конор, а покрај него и Ди, ужива во раскош – живеат во куќа вредна 3 милиони долари, а имаат и куќа на Малибу вредна неколку милиони каде што ги минуваат летата.
Ди има колекција облека на која би позавидел секој – носи исклучиво дизајнерска облека и неретко се појавува со парчиња кои чинат десетици илјади долари.
Ди и Конор се свршија пред околу пет години, но уште немаат направено свадба.
Според некои, и ова е понижување за Ди бидејќи со неа, Конор веќе доби четири деца.
Притоа, додека Ди седи дома и се грижи за децата, Конор ги минува летните денови на Ибица и слични дестинации каде што беше фотографиран како се бакнува со друга жена, но и како танцува провокативно со Кети Прајс.
Само неколку денови по скандалозните фотографии, Конор беше забележан со Ди на луксузна јахта, како ништо да не се случило.