„Ја изневерува, но нема да го остави“: Зошто сопругата на Конор МекГрегор ги трпи понижувањата и се жртвува за него?
Неверствата не се единственото понижување што го трпи Ди – изминативе неколку години, Конор се соочува и со тужби за силување.
Ни ова не ја натера да го остави туку, напротив, Ди му беше најголема поддршка за време на сослушувањата.
Таа дури и пробуваше да го одбрани со објави на Инстаграм.
Извори блиски до парот сега тврдат дека таа нема никогаш да го остави, без разлика со какви проблеми и предизвици ќе се соочи поради него.
Впрочем, Ди е таа која го изградила брендот на Конор и е многу заслужна за бројни договори што ги имал низ годините.
Но, покрај ова, оној кој заработува е Конор, па веројатно Ди нема избор бидејќи е финансиски зависна од него.
„Ди е многу лојална и Конор го знае ова. Таа честопати е со него, зад сцената, само не во центарот на вниманието.
Исто така, на Ди ѝ е јасно дека Конор ѝ дава финансиска поддршка, а ова има голем удел во динамиката на нивната врска. За неа е речиси невозможно да го напушти.
Таа тивко го прифаќа неговото однесување и бидејќи е со него од почетокот, секогаш ќе го заборави она што го прави тој. Ќе остане со него, дури и кога Конор ја тестира нејзината лојалност до самите граници“.
Пред неколку години, Ди можеби сакала да започне некој свој проект, но изворите велат дека скандалозното однесување на Конор имало негативно влијание и врз нејзините планови.
„Ди требаше да стане позната личност, независно од Конор – да заработува сама како познатите сопруги на други спортисти, како Викторија Бекам или Колин Руни.
Сепак, Ди е популарна, доволно е само да ги погледнете нејзините профили на социјалните мрежи и ќе ви стане јасно“, вели извор близок до парот.
„Ди делува како совршена мајка на четири деца и луѓето се интересираат за неа и нејзиниот живот. Но, шансите за договор со бренд кој ќе ѝ донесе многу пари се непостоечки поради скандалите на Конор.
Сите сакаат приказни за сиромашни луѓе кои успеале и приказната на Ди и Конор беше токму таква. Но, сега ситуацијата се смени.
Големите брендови сакаат да се дистанцираат од какви било скандали, особено оние кои вклучуваат насилство и сексуален напад“, додава изворот.
Па, на Ди не ѝ останувало ништо освен да пробува да ја спаси репутацијата на сопругот и да му наоѓа спонзори и договори. Притоа, да продолжи да го трпи понижувањето што ѝ го приредува.
Сепак, пријатели на Ди велат дека веќе се загрижени уште колку долго ќе може да издржи.
„Ни велат дека се во среќна врска, полна со љубов. Но, мислам дека многу факти покажуваат дека нивната врска не е воопшто среќна.
Од почетокот на нивната врска, Ди има претрпено многу. Загрижени сме уште колку долго ќе може да издржи“.
Спирова С. | Црнобело